7-те модни заповеди на Кејт Мос

7-те модни заповеди на Кејт Мос

Кејт Мос е родена на 16-ти јануари 1974-та година. Таа е англиски топ модел и најголемата слава ја доживува на почетокот на 90-те години, станувајќи дел од кампањите на најпознатите светски дизајнери како Гучи, Долче и Габана, Келвин Клајн, Шанел и Римел. И додека мислите дека нејзиниот стил на облекување ви е совршено познат, размислете уште еднаш и прочитајте ги седумте модни заповеди на Кејт Мос, кои уште еднаш го потврдуваат неповторливиот стил на оваа модна икона.

1. Секси здолниште е секогаш добра идеја


„Молив-здолништата се едни од најкорисните парчиња облека во секој женски плакар. Секогаш изгледаат секси, особено доколку се во црна боја и стојат убаво на речиси секоја жена.“

(0) modna-ikona-kejt-mos-kafepauza.mk

2. Не мора да бидете женствени по секоја цена


„Само поради тоа што носите убав фустан, не мора по секоја цена да бидете и да се однесувате нежно и женствено.“

(1) modna-ikona-kejt-mos-kafepauza.mk

3. Облекувајте се соодветно на вашата градба


„Ако имате долги нозе, покажете ги носејќи кратки фустани, високи потпетици или припиени фармерки. Доколку имате бујни гради, избегнувајте длабоки деколтеа. Како и да е, јас и кога излегувам не правам строги комбинации, туку едноставно го облекувам она што мене ми се чини соодветно за одредена пригода.“

(2) modna-ikona-kejt-mos-kafepauza.mk

4. Инспирирајте се од некоја модна ера


„Многу е важно да имате одредена модна ера од каде ќе црпите инспирација за вашиот стил на облекување. Јас навистина ги сакам доцните 60-ти и 70-ти години, поточно времето на Стоунси. Тоа не значи дека мојот стил целосно се совпаѓа со модата од тој период, но се покажа како корисно во повеќето мои модни комбинации.“

(3) modna-ikona-kejt-mos-kafepauza.mk

5. Кога не знаете што да облечете, изберете црно


„Се облекувам според тоа како се чувствувам во моментот, а најчесто тоа се парчиња облека во црни, сиви или црвени нијанси. Кога имам лош ден пак, сакам да се облекувам во црно од глава до пети.“

(4) modna-ikona-kejt-mos-kafepauza.mk

6. Не заборавајте ги очилата за сонце дома


„Во чантата секогаш имам по еден пар Реј-Бан бидејќи се неизоставен дел од мојот стил. Тука се и марамите и шапките. Сепак, носењето на ваквите модни додатоци истовремено знае да изгледа навистина лошо. Немам строги правила, но во овој случај предност ѝ давам на едноставноста.“

(5) modna-ikona-kejt-mos-kafepauza.mk

7. Накитот е клучен


„Никогаш не е премногу од добар накит.“

(6) modna-ikona-kejt-mos-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар