7 тајни заради кои Французинките изгледаат прекрасно во секоја животна доба

7 тајни заради кои Французинките изгледаат прекрасно во секоја животна доба

Францускиот доктор Мишел Симес ја напишал книгата „Живејте подобро и подолго“ (Live Better and Longer) во која го открива прекрасниот изглед на Французинките во секоја животна доба. Еве што тие прават поразлично од другите дами.

1-7-tajni-zaradi-koi-francuzinkite-izgledaat-prekrasno-vo-sekoja-zhivotna-doba-www.kafepauza.ml_

1. Јадат многу лук, но и јадат полека

Француската исхрана е позната во светот по својата флексибилност и длабочина на вкусови. Оние што ја познаваат знаат дека обилува со лук, но и дека тој е одличен извор на антиоксиданси кои ги штитат клетките од слободните радикали и така го забавуваат стареењето. Лукот го нарекуваат и природен антибиотик кој ги намалува воспалителните процеси во телото, и превентивно делува на срцевите заболувања и крвотокот. Покрај сѐ, Французинките јадат полека и со уживање, заради што консумираат помалку храна и истата подобро ја варат.

2. Редовно го чистат својот фрижидер

Имунитетот на телото слабее како што старееме. Токму затоа треба да се заштитите од разни вируси и бактерии. Фрижидерот е одлично место за нивно размножување, особено за салмонела и ешерихија коли. Французинките се свесни за опасностите кои се закануваат од неуредниот фрижидер и го чистат два пати месечно. Наместо хемиски детергенти користат сунѓер намокрен во оцет со кој ги чистат полиците, а потоа ги пребришуваат со чиста памучна крпа.

2-7-tajni-zaradi-koi-francuzinkite-izgledaat-prekrasno-vo-sekoja-zhivotna-doba-www.kafepauza.ml_

3. Купуваат квалитетни очила за сонце

Французинките знаат дека квалитетните очила за сонце ја намалуваат можноста за добивање одредени очни болести, па не им е жал да потрошат нешто повеќе за некој добар модел. Обично избираат широки и големи модели до веѓите за максимална заштита на окото. Покрај тоа, избираат модели со УВ заштита кои се направени од квалитетен материјал со европски сертификат.

4. Водат грижа за своето деколте

Многу дами квалитетно ја негуваат кожата на лицето и вратот, но од некоја непозната причина забораваат на деколтето. Французинките се свесни дека кожата на овој дел станува тенка и набрана без соодветната заштита. Затоа редовно ја хранат со специјални креми, не забораваат на пилингот, а дополнително внимание ѝ посветуваат во текот на топлите месеци кога е изложена на штетни сончеви зраци.

5. Вежбаат во вода

Французинките обожаваат да вежбаат во вода. Аеробик во вода е најдобриот начин на вежбање, бидејќи овозможува поголем напор, а ја намалува силата на притисок во зглобовите и карлицата. Плус, водата го масира целото тело и на тој начин го релаксира. Личностите кои живеат покрај вода, уживаат во трчање на плажа и нуркање, а во Франција сѐ попопуларен е и подводниот велосипедизам.

3-7-tajni-zaradi-koi-francuzinkite-izgledaat-prekrasno-vo-sekoja-zhivotna-doba-www.kafepauza.ml_

6. Спиење на квалитетни перници

За да останете здрави што е можно подолго, важно е да им овозможите квалитетен одмор на мускулите и тетивите, особено во пределот на вратот. Токму затоа е важно да спиете на анатомска и цврста перница што ќе ви ја овозможи поддршката што ви е потребна и ќе ги спречи болките во тој дел од телото.

7. Пијат лесни вина

Многу луѓе пијат алкохолни пијалаци во социјални ситуации, како и за да се опуштат после стресното секојдневие. Овој тип пиење многу брзо прераснува во навика која може да го оштети срцето, да ги исуши косата и кожата, како и да го скрати животниот век. Французинките, од друга страна, уживаат во пиење чаша вино. Тие налеваат помала количина вино во прекрасни чаши, пијат мали голтки и ги држат во устата што е можно подолго, што го подобрува вкусот и искуството на пиење. На тој начин не мора да консумираат голема количина пијалак за да се чувствуваат опуштено.

Прочитајте ги и овие 10 лекции за убав живот од француските жени!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар