7 тајни за мажите и љубовта што жените не ги знаат

7 тајни за мажите и љубовта што жените не ги знаат

Дали некогаш сте размислиле какво е состанувањето за мажите? Многу жени веруваат дека кога станува збор за состанување, мажите ги држат сите карти. Веројатно ова мислење постои бидејќи многу жени биле одбиени, изневерени или имале некое лошо искуство со поранешен партнер. Сепак, без разлика кое е вашето мислење, постојат некои работи кои сигурно не ги знаете за мажите.

7 тајни за мажите што жените не ги знаат

1. Мажите се изложени на поголем ризик од одбивање

Вистината е дека жените се соочуваат со одбивање многу поретко од мажите. Ако една жена сака да му го привлече вниманието на некој маж, доволен е само разговор. Дури и да биде одбиена, без проблем може да продолжи понатаму. Таа може да се среќава со многу мажи без да се плаши од одбивање. Можеби ќе нема премногу опции, но сепак ќе има барем неколку. Ако мажот не го направи првиот чекор, најверојатно ќе си оди дома сам. Без разлика колку се обидува да привлече нечие внимание, тој е оној што мора да отиде кај девојката, да ја бакне или да ја покани на вечера. Поради ова на мажите им е потребна огромна самодоверба.

2. Мажите не можат да договорат состанок или да добијат внимание толку лесно

Ако жената сака состанок, секс или пак само некоја мала промена, може лесно да го добие тоа. На некој начин, жените постојано имаат некој кој е заинтересиран за нив. Секогаш кога мажот сака да направи промена, постои ризик да биде одбиен.

3. Општеството им создава голем притисок на мажите да бидат добри со жените

Додека растат, момчињата кои можат да флертуваат со девојки се како херои во очите на нивните пријатели. Од друга страна, девојките кои ја имале оваа способност се учени да се срамат од тоа. Ова им праќа порака на момците дека треба да се засрамат ако не можат да привлечат девојка. Па, пред да го одбиете момчето на кое му е срам да ви пријде, размислете за притисокот на којшто е изложен.

4. Мажите се научени да бидат независни и да не бараат помош

Кога некоја жена ќе побара помош, обично не се плаши дека ќе ѝ судат. Но, повеќето мажи се израснати со верувањето дека треба да бидат независни и силни. Нив им е срам да побараат помош кога станува збор за љубовниот живот. Ова не им дозволува да ги подобрат своите способности за состанување. Немојте да бидете груби кон мажите кои не се добри со жени и размислете како се чувствуваат и тие.

5. Мажите не ги „читаат“ другите луѓе добро

Мажите немаат добро развиена интуиција како и жените. Исто така потешко им е социјално да се адаптираат. Просечните жени подобро се справуваат со разговори со другите и можат да претпостават што мисли нивниот соговорник. Обидете се да го разберете момчето кое не може да се вклопи секаде.

6. Од машка гледна точка, сè што ѝ е потребно на една жена е нејзиниот изглед

До некаде ова е и точно. Ако жената изгледа убаво, многу полесно ѝ е да освои кој било. Ова не мора секогаш да биде момчето што ѝ се допаѓа, но без разлика каде сте во животот, ако се средите, ќе добиете нешто. Мажите во оваа ситуација гледаат убава девојка во која гледа половина бар и се обидуваат да ѝ пријдат. Многу е нормално да си помислат дека на девојките навистина им е полесно.

7. Мажите добиваат измешани сигнали за тоа што сакаат девојките

Да бидат џентлемени, да ги почитуваат девојките, секогаш да ги ставаат на прво место… Мажите се преплавени со совети за желбите на жените. Постојат навистина измешани пораки кои доаѓаат од медиумите, од нивните родители, па дури и од други жени. Младите мажи се присилени самите да сфатат што е она што го сакаат жените, па имајте на ум дека понекогаш не е нивна грешка што не знаат што да направат.

Без разлика дали верувате или не дека мажите имаат предност кога станува збор за состанувањето, барем во овие 7 ситуации жените водат. Па кога следниот пат ќе бидете фрустрирани бидејќи некое момче разговарало со вас или изгледа како да не ве сфаќа, размислете за овие ситуации.

Погледнете и што сака да чуе секоја девојка на првиот состанок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар