7 тајни на луѓето кои изгледаат помладо отколку што навистина се
Многу е нормално да сакате да ги спречите последиците кои настануваат со стареењето. Додека тие години ни даваат многу мудрост, исто така ни даваат и брчки. Ако некогаш сте се запрашале како некои луѓе изгледаат многу помладо отколку што се, еве некои од нивните тајни кои можете да ги искористите за да создадете ваша „фонтана на младоста“…
1. Тие живеат како млади
Луѓето кои изгледаат помлади настојуваат да се чувствуваат и да размислуваат како млади. Не ги гледаат стереотипите за стареење, па затоа ставот „млади во срцето“ е можеби и најдобрата тајна да изгледате младо. Истовремено е важно и секогаш да бидете свои и да го прифатите фактот дека стареењето е дел од животот. Една студија открила дека оние кои гледаат позитивно на стареењето живеат подолго и изгледаат помладо.
2. Не се оптоваруваат со ситници
Истражувачи од Харвард откриле дека имањето „цврста кожа“ за неизбежните проблеми кои доаѓаат во животот може да ви помогне да изгледате помладо. Ако не се загрижувате лесно за вашите околности, тоа може да ви помогне во борбата против брчките. Запомнете дека ништо не трае вечно, околностите постојано се менуваат, па не вреди да се грижите за ситници, па дури ни за некои поголеми работи.
3. Имаат куче
Со чувањето куче имате и физичка и психичка корист. Шетањето на вашето куче ви ја зголемува физичката активност, а неговото друштво е докажано дека ви го подобрува менталното здравје. Сето ова резултира со помлад изглед.
4. Ја разбираат важноста на спиењето
Спиењето е важен дел од здравјето. Ако секоја вечер спиете шест или помалку часови, може да си предизвикате секакви проблеми, од губење концентрација и лошо расположение, до зголемување на телесната маса и послаб имунитет. Сето ова ќе покаже знаци на старост. Обидете се да спиете од 7 до 8 часови секоја вечер.
5. Тие пеат
Не е важно каков е вашиот глас, ефектот кој го има пеењето, според научните истражувања, ви помага да изгледате помладо. Експертите не се сигурни зошто е ова вака – можеби е подоброто дишење кое природно се одвива или опуштање од стресот.
6. Активни се
Активноста е нешто што мора да го земете предвид доколку сакате да изгледате помладо. Не само што ве одржува во добра форма, туку се бори со стресот кој многу придонесува во стареењето.
7. Имаат смисла за хумор
Позитивниот став е клучот до среќниот живот како и до младиот изглед.
Прочитајте и за овие едноставни трикови за коса кои ќе направат да изгледате до 5 години помлади.