7 суптилни знаци дека настинувате (и како да ја спречите настинката пред да се развие!)
Ако ви е смачено постојано да настинувате, тогаш време е да научите како да се заштитите од оваа здодевна и непријатна здравствена состојба. Доколку ги знаете вистинските техники за заштита, брзо ќе сфатите дека не е толку тешко да спречите појава на настинка. Сè што треба да направите е да воведете ситни промени во вашето секојдневие и никогаш повторно нема да се разболите! Во продолжение откријте ги суптилните рани знаци дека настинувате и спречете ја настинката уште пред да се развие…
1. Вашата енергија се намалува
Ова особено се забележува на работното место, кога има потреба од одржување рамнотежа на енергијата со цел да се завршат обврските на време. Ако на крајот на денот се чувствувате поуморно од вообичаено, има шанси да развивате настинка.
Решение: Најдете време да се одморите и опуштите. Хроничниот стрес го уништува имунитетот, правејќи го неспособен да се избори против болестите.
2. Почнувате да чувствувате непријатност во грлото
Настинките најмногу го напаѓаат респираторниот систем и затоа најдобро можат да се препознаат во горниот дел од телото. Обрнете најголемо внимание на грлото.
Решение: Правете гаргара со солена вода. И покрај тоа што може да ви звучи смешно, оваа навика ќе ви помогне да го намалите воспалението и насобирањето шлајм.
3. Почесто го секнете носот
Ова без сомнение е знак за болест во развивање. Областите околу носот и синусите се првите што ги манифестираат симптомите на вирусите.
Решение: Бањајте се во жешка вода – тоа е најдобриот лек за назалните симптоми! Пареата од жешката вода го намалува отекувањето во назалните мембрани и ви го олеснува дишењето.
4. Притисок во синусите
Многу често може да се почувствува болка или притисок околу синусите доколку ве нападнала настинка. Симптомите вклучуваат главоболка, притисок, насолзени и уморни очи.
Решение: Јадете пилешка супа бидејќи електролитите што ги содржи, како и комбинацијата од топлина и сол се одлични за хидратација.
5. Забележувате дека поткашлувате
Не постои „безопасно“ кашлање. Секој пат кога имате потреба да кашлате, дури и да станува збор за ретко поткашлување, со тоа вашето тело сака да ви каже дека се соочува со некаков проблем.
Решение: Подигнете ја вашата глава на повисоко – со перници. Лежењето на рамна површина дозволува затнување во синусите и иритација на грлото, што е несакана последица од силата на гравитацијата. Па, пркосете им на природните закони така што ќе спиете на повеќе перници.
6. Чувствувате затегнување во градите
Како што вирусот се спушта надолу, многу често може да предизвика чувство на затегнување во градите. Понекогаш ова затегнување е толку суптилно што едвај може да се забележи ако не го барате.
Решение: Започнете со лесни вежби. Многу студии покажуваат дека физичката активност може да го зајакне вашиот имунитет и да ве заштити од секаков вид болести.
7. Имате испрекинат сон
Кога се разболуваме, вирусите имаат навика да си поигруваат со нашата шема на спиење. Ова воопшто не изненадува со оглед на тоа што нашите тела имаат беспрекорен талент да детектираат нешто што не е во ред.
Решение: Консумирајте чај пред спиење со смирувачко дејство. Чајот ќе ви го опушти целото тело и ќе ви помогне да ја преспиете ноќта без прекини – овозможувајќи му на имунитетот побрзо да се избори со настинката.
Ако веќе сте настинале, тогаш откријте ги најдобрите домашни лекови за борба против настинката. Или пак, можеби се сомневате дека станува збор за грип? Дознајте како да разликувате настинка од грип?