7 стравови поврзани со сексот кои ги имаат и мажите и жените
Мажите и жените имаат одредени стравови поврзани со сексот кои обично се различни во зависност од полот, но некои истражувања потврдуваат дека има и такви кои им се заеднички.
1. Треперење или грчеви во мускулите
Лошата форма може да се одрази и на изведбата во сексот поради опасноста од грчеви во мускулите. Оваа физичката непријатност може да го прекине барем привремено сексуалното уживање.
2. Претерано потење
Потењето е нормална реакција на телото, но ниту мажите ниту жените не сакаат тоа да им се случи за време на сексот затоа што мирисот може да го оддалечи партнерот од уживањето.
3. Изгледот на задникот
И едните и другите се опседнати со својот изглед, па затоа се грижат за тоа како изгледаат одредени делови од нивното тело кога се голи. Кога станува збор за делови кои им се важни и на двата пола, тука сигурно најважен е задникот.
4. Време на постигнување на оргазмот
Мажите го постигнуваат брзо, а жените побавно, но затоа првите се плашат дека сексот ќе заврши пребргу, а вторите дека ќе им треба премногу време. Сите сакаат заедно да постигнат оргазам, но тоа е тешко и затоа создава напнатост.
5. Влакна на телото
Секој има различен вкус кога станува збор за влакната на телото, па кога партнерите не се познаваат толку добро мажите се плашат да не ги имаат премногу или премалку, а жените имаат слична грижа во врска со влакната на интимните делови од телото.
6. Ненадејни телесни реакции
Телото е изложено на голем физички напор за време на сексот, па затоа можат да се случат и некои ненадејни телесни реакции, како на пример испуштање гасови. Не е изненадување што тоа ги плаши и двата пола.
7. Лицето во времето на оргазмот
Сите се грижат за тоа каков им е изразот на лицето и какви гласови испуштаат во моментот на оргазмот. Потребата постојано да изгледате совршено, па дури и во овој момент си го прави своето и предизвикува страв.