7 статуси кои жена никогаш не би требало да ги објави на Фејсбук

7 статуси кои жена никогаш не би требало да ги објави на Фејсбук

Фејсбук е супер работа за оние коишто знаат да го користат! Освен допишувањето, флертувањето, интересните информации кои никогаш не би ги дознале ако не постоеше тој, оваa социјална мрежа е и супер место за промоција. Сепак, овие 7 статуси ниту една образована, зрела и паметна дама нема да ги објави.

1-7-statusi-koi-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-objavite-na-Fejsbuk-www.kafepauza.mk_

1. Жалење за шефот/колегите/работата

Бидете сигурни дека тоа кога-тогаш ќе го дознаат, ако не и веднаш.

2. Ултрапатетични љубовни статуси

За тоа постои друго место, а тоа се вика телефон. Јавете им се на вашите пријателки и споделете ги проблемите таму.

3. Неважни статуси

„Само што изедов 100 кг чоколадо. САМА!“ На кого му е воопшто гајле за ова?

4. Статуси за времето

Сè уште сите имаме прозори. Нема потреба да ги известувате другите дека надвор паѓа снег. Гледаат!

5. Пасивно-агресивен статус

„Мразам кога луѓето за кои си мислел дека ти се пријатели излегуваат најголеми предавници. Да, добро знаете кои сте.“

Да, веројатно знаат, но со ова и вие станувате една од нив.

6. Договарање за излегување

Вие и вашите другарки вечер излегувате и тоа е супер. Меѓутоа, договорете се преку пораки, а не на ѕидот на некоја од вас.

7. Караници

Исто како и љубовните испади така и караниците се приватна работа. Останете дама и караниците и несогласувањата решете ги на некое приватно место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар