7 старомодни совети за одржување на вистинско пријателство

7 старомодни совети за одржување на вистинско пријателство

Иако е тешко да се поверува, дури и во ерата кога сме дигитално поврзани со сите, потребно е да вложиме нешто повеќе труд за да се одржат врските со семејството и пријателите. Мобилните телефони го олеснуваат целиот тој процес, но постојат и постаромодни начини како да се подобрат односите. Затоа, наместо некого да го поканите на настан преку имејл или СМС, или пак преку социјалните мрежи, подобро јавете се телефонски или посетете ги лично.

7 старомодни совети за одржување на вистинско пријателство

Понекогаш, некои од старомодните начини треба да се применуваат и во денешно време:

1. Поканете ги на гости пријателите, без посебна причина

Некогаш да се биде домаќин на собир на пријатели може да биде навистина напорно, а најчесто тие собири не се ни случуваат бидејќи сите се премногу уморни за такви активности. Сепак, обидете се уште еднаш, повикајте ги пријателите без посебен повод. Некои од нив веднаш ќе се согласат и ќе поминете квалитетно време заедно.

2. Пратете рачно пишувани пораки или честитки

Интернетот ни пружи можност за кратко време да испратиме честитка, порака или покана до некого без да треба да излегуваме од дома и да чекаме во пошта. Но, зошто да не ги изненадите своите пријатели? Испратете им покана за вашиот роденден на домашната адреса или честитајте празник со старомодна, хартиена честитка. Овој гест е многу важен и значаен.

3. Јавете се

Преку имејлови, СМС-пораки или Вајбер никогаш нема да можете да им го чуете гласот на пријателите. Затоа, кренете слушалка и покажете дека сте вистински пријател. Прашајте ги како се чувствуваат. Слушајќи ја бојата на гласот, лесно ќе воспоставите и емоционална комуникација. И вам и на пријателот ќе ви биде драго што сте се чуле.

7 старомодни совети за одржување на вистинско пријателство

4. Појавете се ненајавени кај нив пред врата

Се сеќавате на времето кога пријателите доаѓаа да ве повикаат за дружење, а соседите влегуваа кај вас само со тропнување на вратата? Појавете се кај вашиот пријател, со некој мал подарок и раширени раце за прегратка. Сепак, мора да се информирате претходно дали тоа е возможно, затоа што не знаете што им се случува дома. Во секој случај, изненадувањето и пријатното чувство ќе бидат присутни, дури и ако си отидете по само една минута, без да ве поканат да влезете.

5. Организирајте некоја игра

Создадете традиција која ќе ја применувате на одредени периоди. Можете едно попладне во неделата да играте карти или еднаш месечно да организирате турнир во некоја друштвена игра. Изборот е голем, а на овој начин ја одржувате и поврзаноста со пријателите.

6. Испратете симболичен подарок

Ако некој од пријателите живее далеку од вас, подгответе му пакет со неколку значајни подароци и испратете му ги на домашната адреса. Вие ќе се чувствувате прекрасно, а тие ќе бидат свесни дека ви значат.

7. Бидете физички присутни за нив

Ако мислите дека е доволно да честитате некое достигнување преку Фејсбук или да изразите сочувство со СМС, воопшто не сте во право. Ако сакате да го одржите пријателството, особено во денешното брзо и модерно живеење, треба да се потрудите да бидете поприсутни на важните настани од животите на пријателите. Бидете фини и со соседите, погалете го нивното куче или кратко поиграјте со нивните деца. Сите овие начини на создавање блискост се значајни за вас.

Прочитајте ја оваа поучна приказна, Оганот на пријателството.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар