7 совети за правилно нанесување крема за сончање

7 совети за правилно нанесување крема за сончање

Летото сѐ уште трае и сѐ уште постои опасност од горење на кожата. Затоа нанесувајте креми со заштитен фактор, но пред тоа, бидете сигурни дека ги знаете правилата за користење производи со СПФ фактор. За да ги намалите шансите за рак на кожа или стареење на кожата многу е важно да знаете правилно да ја нанесете кремата со заштитен фактор. Додека многу луѓе мислат дека знаат како да го прават тоа, сепак бројот на дијагнози за рак на кожата расте. Затоа, еве 7 лесни правила кои ќе ви покажат како правилно да ја нанесете.

1. Не му верувајте на СПФ факторот на амбалажата

Во 2014, Consumer Reports направиле истрага во која откриле дека само 2 од 20-те најдобри креми за сончање всушност ја нудат опишаната заштита откако ќе бидат изложени на вода. Кремите можеби нудат добра заштита, но не таква каква што е ветена на амбалажата. Она што не е јасно во истражувањето е зошто оваа разлика воопшто се случува.

1-7-soveti-za-pravilno-nanesuvanje-na-krema-za-sonchanje-kafepauza.mk

2. Не трошете пари на повисок фактор од СПФ 30

Кремите за сончање со заштитен фактор 100 се скоро двојно поскапи отколку оние од истиот бренд со СПФ 30, но заштитата останува иста т.е. оној со СПФ 100 не обезбедува 3 пати повеќе заштита. СПФ 30 обезбедува 97% заштита од штетни зраци, а СПФ 100, блокира 99% од штетните зраци. Иако има разлика, сепак не е доволно значајна за да има толкава разлика во цената.

2-7-soveti-za-pravilno-nanesuvanje-na-krema-za-sonchanje-kafepauza.mk

3. Не верувајте на амбалажите на кои пишува водоотпорни и отпорни на пот

Не постојат креми кои се целосно водоотпорни или отпорни на пот, но постојат некои кои потешко се измиваат. Сепак, нивното времетраење варира од производ до производ. Ниедна крема за сончање не е доволно само еднаш да ја нанесете – тие мораат почесто да се нанесуваат.

3-7-soveti-za-pravilno-nanesuvanje-na-krema-za-sonchanje-kafepauza.mk

4. Нанесете крем за сончање 30 минути пред да се изложите на сонце

Обичните креми за сончање не треба да ги нанесувате во моментот пред да излезете или уште полошо, кога ќе пристигнете на плажа. Најдобрата заштита ќе ја постигнете доколку се намачкате половина час или час пред да се изложите на сонце.

4-7-soveti-za-pravilno-nanesuvanje-na-krema-za-sonchanje-kafepauza.mk

Совет плус: Одберете секојдневна крема. Минералната крема не се изедначува добро со кожата и остава бели траги или траги во која било боја во која е обоена кремата. Исто така, минералните креми за сончање кои содржат цинк оксид ги рефлектираат ултравиолетовите зраци и траат кратко после нанесувањето, така што тие не се баш најдобар избор.

5. Нанесете доволно крема

Без разлика каква крема за сончање ќе употребите, таа нема да биде ефективна ако не ја нанесете доволно. На лицето треба да нанесете околу 1,25 мл, а на телото околу 60 мл крем за сончање.

5-7-soveti-za-pravilno-nanesuvanje-na-krema-za-sonchanje-kafepauza.mk

6. И нанесувајте ја на секои 2 часа

Ефектите на кремата за сончање траат кратко, особено ако влијаат водата и потта. Нанесувајте крема за сончање барем на 2-3 часа, а уште почесто ако влегувате во вода или се бришете со крпа.

6-7-soveti-za-pravilno-nanesuvanje-na-krema-za-sonchanje-kafepauza.mk

7. Носете шешир со широк обод

Еден од најдобрите начини да бидете сигурни дека очите и лицето ви се заштитени од сончевите зраци е да ставите еден голем шешир. Плус, тој може да биде одличен моден додаток.

7-7-soveti-za-pravilno-nanesuvanje-na-krema-za-sonchanje-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар