7 совети за комуникација што ќе направат да му се допаднете на секого
На многу луѓе често им се случува да се соочат со непријатна тишина кога сакаат да разговараат со некого. Она што најчесто го предизвикува овој проблем е тоа што не знаеме кои прашања да ги поставиме без да изгледаме како личност со лоши намери. Па доколку сакате разговорот да продолжи да тече, пробајте ги следниве совети.
1. Разговарајте за опкружувањето
Оваа техника е корисна во многу ситуации. Едноставно користете ги вашите сетила за да го набљудувате вашето опкружување и личноста со којашто сакате да разговарате. Можете да започнете разговор за местото каде што сте, или за некој предмет што го има соговорникот, како на пример, книга или некој бренд на кафе. На овој начин започнете разговор на таа тема.
2. Направете личноста да се чувствува удобно околу вас
Покажете интерес за потеклото на личноста. Ова го тргнува фокусот од вашиот обид да започнете разговор и го насочува вниманието кон соговорникот. Исто така ова прашање ќе го натера соговорникот да размислува за неговиот роден град, семејството или некој настан. Ова е одличен начин да започнете разговор. Покрај тоа, ако сте од исто место сигурно ќе имате многу повеќе за дискутирање.
3. Не брзајте со личните прашања
Временската прогноза секогаш е безбедна тема на разговор и се смета за „незначајна“. Но понекогаш овие незначајни разговори водат до подлабоки дискусии. Покрај тоа, кога разговарате со нов познаник сè што е малку полично може да изгледа како „душкање“ во приватноста. Во текот на првата средба, разговорот нека биде едноставен.
4. Обрнувајте внимание на малите нешта
Малите нешта се важни и токму тие прават голема разлика. Кога ќе ги прашате луѓето за нешта кои најчесто се занемарени, тие ќе се чувствуваат подобро. На пример, можете да го прашате соговорникот што е најдоброто нешто што му се случило денес. Ова прашање покажува интерес во животот на соговорникот и создава пријатна атмосфера.
5. Користете го хуморот како алатка
Хуморот е нешто што е ретко игнорирано и никој не може да одолее на добра смеа. Хуморот навистина ги поврзува луѓето. Ако имате добра смисла за хумор, искористете ја и кажете некоја шега. Сепак, бидете внимателни да не претерате и да не ја повредите личноста со шегите.
6. Користете теми од поп културата и сегашните случувања
Поставете прашање за нешто што неодамна станало популарно како песна, филм, танц или храна. Држете се настрана од политика. Повеќето луѓе создаваат поврзаност со нештата што се случуваат околу нив.
7. Побарајте мала услуга или помош
Малку луѓе се свесни за овој трик, но тој прави луѓето да се чувствуваат важно и никој не може да одолее на добро дело. Кога ќе замолите некој да ви помогне или да ви направи услуга, тогаш тој или таа се чувства доминантно, дури и ако е само за секунда. Поради ова повеќето луѓе нема да одбијат да ви помогнат. Исто така ова најчесто функционира бидејќи задачата што ја имате за личноста ќе биде лесна и едноставна, како на пример, да ви подаде некоја книга.
Како да продолжите со разговарање?
Не е секогаш лесно да смислите нешто паметно, смешно или интересно за да започнете разговор. Најважно е да бидете свои и да бидете искрени. Често ја потценуваме моќта на чистата и едноставна искреност. Ако сте разговарале со некого и сакате да останете во контакт, прво прашајте дали и соговорникот се чувствува исто. Потоа можете да побарате телефонски број или профил на социјалните мрежи.
Погледнете ги и правилата за комуникација што ќе им стават крај на недоразбирањата во вашата врска.