7 совети за да изгледате повитки на фотографиите
Доколку се сметате себеси за фотогенична личност која сака да се фотографира, а имате проблем со вашите моментални облини, тогаш овие совети многу ќе ви се допаднат. Најважно од сè е да знаете како да го изманипулирате фотоапаратот, поставувајќи се под добар агол и со добра положба на телото.
1. Поставете го фотоапаратот повисоко над вас
Ова не значи дека треба да го позиционирате премногу високо, туку едноставно да го држите повисоко од главата или да го поставите на некоја полица. Поради добиениот агол, ќе треба да гледате нагоре со што ќе го издолжите вратот, па благодарение на таквата поставеност ќе изгледате послабо.
2. Добро позиционирајте ја главата
Позицијата на главата всушност прави голема разлика како ќе излезете на некоја фотографија. На пример, никогаш не треба да ја вовлекувате главата наназад, бидејќи така правите брадата да ви изгледа поголема, а со тоа и целото лице. Па така дури и да сте слаби, нема да изгледате така. Наместо тоа, главата позиционирајте ја напред, со што визуелно ќе ја намалите брадата и ќе создадете илузија на виткост.
3. Внимавајте на позицијата на телото
Уште еден добар совет кој ќе ви помогне да изгледате послабо на фотографиите… Внимавајте никогаш да не се свртите кон апаратот целосно исправено. Така ќе ги прикажете сите вашите недостатоци. Исправете ги рамената и завртете се косо во однос на апаратот. Едната нога ставете ја понапред и наклонете ја тежината на другата.
4. Вовлечете го стомакот
Сепак, со овој совет треба да бидете внимателни, бидејќи можете да си нанесете и штета. Треба внимателно да ги исправите рамената и грбот, а стомакот само малку да го вовлечете, без притоа да изгледате вештачки. Доколку претерате, вашата намера ќе биде премногу очигледна, а резултатите неизбежно ужасни.
5. Позиционирајте ги рацете
Од клучно знаење е и поставувањето на рацете. Внимавајте да не ги држите рацете исправено, безмалку залепени за телото, бидејќи така ќе личи дека имате огромни раменици. Наместо тоа, завртете се под одреден агол и едната рака ставете ја елегантно на колкот.
6. Носете темна облека
Начинот на кој се облекувате исто така може да многу да влијае. Доколку носите темна облека, нормално веднаш ќе изгледате послабо. Исто така треба да внимавате, бидејќи доколку облечете нешто прешироко, ќе изгледа дека криете нешто, а доколку носите нешто претесно ќе ги оцртате сите ваши недостатоци.
7. Одберете ја правилната фризура
Фризурата исто така помага да изгледате послабо на фотографиите. Доколку однапред знаете дека ќе имате прилика некаде да се фотографирате, пробајте да избегнете елегантно собрани фризури, пунџи или опавче. Кога имате коса околу лицето, ги прикривате грубите агли кои можат да создадат слика дека вратот, лицето и рамената ви се позаоблени или поголеми отколку што навистина сè.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.