7 скриени причини поради кои се дебелеете

7 скриени причини поради кои се дебелеете

Внимавате на исхраната, постојано вежбате, но сепак вагата покажува некој килограм повеќе? Можеби и вие сте дел од луѓето кои, иако водат здрав живот и постојано се активни, сепак не можат да си објаснат зошто и како успеваат да се дебелеат. Но, не очајувајте. Пред да се откажете од сè и да се фрлите на мрсните и слатки оброци, размислете дали можеби има некоја скриена причина којашто ви ја зголемува телесната тежина. Ние ви нудиме седум можни причини, кои вообичаено предизвикуваат дебелеење.

(0) 7 скриени причини поради кои се дебелеете

1. Јадете многу солена храна за вечера

Сетете се што јадевте вчера за вечера. Дали беше многу солена? Вишокот натриум ја задржува водата во организмот, поради што вагата може да покаже неколку килограми повеќе, а вие да се чувствувате подуено и непријатно. Во таков случај пијте вода, а доколку во неа исцедите и лимон, тогаш ефектот ќе биде уште подобар. Таквата состојба брзо проаѓа, но внимавајте вечерите да ги консумирате колку што е можно порано и да бидат со минимално количество на сол.

(1) 7 скриени причини поради кои се дебелеете

2. Ретко одите во тоалет

Чувствувате подуеност во стомакот? Сетете се кога последен пат сте биле во тоалет. Доколку имате проблем со вашата столица, внесувајте храна богата со влакна, особено овошје и зеленчук. Тоа ќе му помогне на метаболизмот да работи побрзо, а вие веднаш ќе ја забележите разликата.

3. Не пиете доволно вода

Доколку јадете храна (особено сува) со многу сол, а не пиете доволно количество вода, вашето тело веројатно ја задржува водата што ја има во себе за да компензира. Водата е исклучително важна за нашиот организам, не само за слабеење, туку и за здравјето и правилната работа на нашите органи. Во текот на целиот ден пијте вода и ќе забележите подобрување на вашето расположение и здравје, а килограмите ќе почнат полека да се топат.

(2) 7 скриени причини поради кои се дебелеете

4. Често излегувате навечер

Секако, држите диета и внимавате на исхраната, но истовремено излегувате речиси секоја вечер. Можеби, релаксирани во добро друштво, често знаете да се напиете по една – две чаши од омилениот алкохолен пијалак? Не заборавајте дека алкохолот е калоричен. Пијте умерено, не само заради тежината, туку и за вашето здравје и безбедност.

5. Земате лекови

Зголемената телесна тежина многу често може да биде и несакана последица од земањето на одредени лекови. Некои апчиња за контрацепција предизвикуваат задржување на водата во организмот, додека други лекарства отвораат поголем апетит, што е причина многу луѓе да јадат неконтролирано и да качуваат килограми. Доколку редовно пиете одредени апчиња и забележувате зголемување на вашата телесна тежина, консултирајте се со вашиот лекар.

6. Не спиете доволно

Недостигот на сон не само што прави да се чувствувате изморено и под поголем стрес, тоа може да предизвика и покачување на телесната тежина. Недостигот на сон влијае врз хормоните. Во вашиот организам се создава одреден „хаос“, а вие може да чувствувате глад. Наместо добро да се наспиете, мислите дека ви се јаде и сонот го заменувате со храна. Сонот е многу важен, затоа потрудете се да ги отспиете потребните осум часа.

(3) 7 скриени причини поради кои се дебелеете

7. Често сте под стрес

Кога се наоѓате во некоја непријатна ситуација, кога чувствувате нервоза и притисок, може да забележите дека вашето тело задржува повеќе масти. Тоа е така затоа што телото во тие стресни ситуации го ослободува хормонот кортизол, којшто доведува до побрзо складирање на мастите во пределот на стомакот. Најдете начин да се смирите и покрај тоа што стресните ситуации не зависат секогаш од вас. Пијте зелен чај, медитирајте, спортувајте, слушајте ја омилената музика, читајте книги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар