7 ситуации во кои најдобрата пријателка треба да ви биде поважна од вашето момче
Кога влегувате во нова љубовна врска, нормално е таа личност да ви стане најважна, но, понекогаш може да се случи ненамерно да ги занемарите вашите пријатели, а дури да страда и пријателството со вашата најдобра пријателка. За да не дозволите да се случи ова, погледнете ги овие 7 ситуации во кои таа мора да ви биде поважна од вашето момче.
1. Кога ќе раскине со нејзиното момче
Откако ќе раскине со нејзиното момче, сигурно ќе ѝ бидете многу потребни на вашата најдобра пријателка, особено ако момчето било тоа кое сакало да биде раскинат тој однос. Без оглед на тоа дали прекинувањето ја изненадило или пак таа веќе го чувствувала крајот, сигурно ќе ѝ требате за да ја сослушате, но и за да ѝ понудите поддршка и утеха.
2. Кога таа ќе го напушти нејзиното момче
Дури и никогаш да не ви се допаѓало момчето на вашата пријателка, па сметате дека тоа што го напуштила е најдоброто нешто што можела да го направи во животот, не треба да се радувате поради крајот на нивната врска и да ѝ зборувате дека сега ќе биде посреќна, туку во тие моменти треба да ѝ дадете поддршка на начин на којшто тоа навистина ѝ е потребно. Без оглед што таа го иницирала раскинувањето и знае дека така е најдобро, сепак, сфатете дека не ѝ е лесно.
3. Кога поминало подолго време откако последен пат сте се виделе
Никогаш не заборавајте на исполнувањето кое ви го носи женското дружење. Ако последен пат сте излегле со вашата најдобра пријателка пред повеќе од еден месец, тогаш време е тоа да го повторите. Не дозволувајте да помине предолго време без да позборувате со неа.
4. Кога ќе наидете на расправија
Многу е веројатно дека откако ќе се искарате со вашата најдобра пријателка, ќе дотрчате во прегратките на саканиот маж и ќе барате утеха од него. Нема ништо лошо во тоа тој да ве смирува, но откако ќе ја изладите својата глава, треба да ѝ се јавите и да се обидете да се разберете. Не дозволувајте проблемот да остане нерешен!
5. Кога ѝ треба друштво за да оди на венчавка
Ако вашата пријателка е сингл и е повикана на венчавка, не одбивајте го нејзиниот повик да ѝ бидете придружба. Тоа ќе биде одлична можност за да се забавувате заедно, баш како што сте го правеле тоа кога сте биле млади. Вашето момче таа вечер може да ја искористи за да излезе со пријателите.
6. Кога се прашува дали тој е вистинското момче за неа
Ако вашата пријателка се сомнева во својата љубовна врска и се прашува дали тој е вистинскиот за неа, секогаш треба да бидете тука за да ѝ дадете совет, затоа што можеби некои работи ги согледувате пообјективно од неа.
7. Кога ќе почине некоја нејзина блиска личност
Нема тука што многу да се додаде. Кога ќе почине некоја блиска личност на вашата пријателка, таа секогаш треба да ви биде на прво место.