7 ситници што откриваат дека партнерот ве сака иако тоа уште не ви го кажал

7 ситници што откриваат дека партнерот ве сака иако тоа уште не ви го кажал

Како да препознаете дали вашиот партнер ве сака дури и кога уште не го кажал тоа? Доволно е да обрнете внимание на неговиот говор на тело за да добиете одговор на ова прашање. Со говорот на телото вашиот партнер можеби веќе ви кажал дека ве сака. Вие само треба да знаете да ги прочитате знаците. Мажите често не се свесни дека со говорот на тело ги откриваат нивните вистински чувства. Еве што прави тој ако вистински ве сака.

1. Неговите ножни прсти се насочени кон вас

Кога тој е заљубен во вас, автоматски се мести на начин што неговите ножни прсти се насочени кон вас без оглед дали седите во кафуле, ресторан или сте дома. Прстите што се насочени кон вас се знак дека постои интерес, а експертите велат дека се индикатор на малку подлабоки чувства.

2. Го имитира вашиот говор на тело

Кога мажот чувствува блискост веројатно ќе ги имитира вашите движења. Тоа не е нешто за кое тој размислува туку едноставно се случува. Кога одите еден покрај друг, вашите чекори ќе бидат усогласени, ќе се проѕева после вас и во исто време ќе посегне по шолјата за кафе. Во некој момент ќе сфатите дека сте на иста бранова должина.

3. Развива ритуали кои се само ваши

На разделување секогаш ќе ве бакне 3 пати, секој пат кога ќе се прегрнете ќе ве потапка по грбот и така ќе го сигнализира крајот на прегратката, кога во исто време ќе кажете иста работа тој ќе смисли начин како да го одбележите тоа… Тие мали, луди ситници ќе ги разберете само вие двајца, а вам можат да ви послужат како доказ дека му значите и повеќе отколку што некогаш ви признал.

4. Долго ве гледа во очи

Кога ќе сфатите дека со партнерот можете долго, но навистина долго да се гледате во очи и да ви биде убаво, тоа сфатете го како знак дека меѓу вас се развила длабока поврзаност. Меѓусебното гледање во очи знае да предизвика непријатност меѓутоа кога уживате во тоа значи дека помеѓу вас се развива посебна врска.

5. Не му пречи да го дели личниот простор со вас

Луѓето што не се заљубени во секој момент сакаат да имаат одредена количина личен простор. Меѓутоа, кога вашиот партнер ќе се заљуби во вас односно кога ќе ве засака ќе дојде покрај вас на каучот без малку размислување, во ресторан ќе седне на истата страна од масата како и вие. Зошто? Бидејќи не треба да има простор помеѓу вас, сака да биде во ваша близина затоа што ве љуби.

6. Често се смее

Кога една личност сака, таа често се смее во друштво на својот/својата партнер/ка. Кога ќе забележите дека вашиот партнер се смее повеќе или подолго од вообичаено или се смее без некоја посебна причина така е бидејќи е среќен и заљубен човек.

7. Ве допира каде и да стигне

Ако не може да ги тргне рацете од вас, тој веројатно е заљубен човек. И овде не се мисли само на секс. Ако ја користи секоја прилика да ве боцне, скокотка, држи за рака… сите тие начини на кои привлекува внимание всушност без зборови ви покажува колку му значите.

Познавањето на говорот на телото може да ви покаже дека партнерот ве сака пред да ви го каже тоа. Ако ги забележите овие знаци прекинете да се мачите и загрижувате со размислување дали тој ве сака бидејќи тоа е очигледно и набрзо од него ќе чуете „те сакам“.

Дознајте кои се причините поради кои вреди да се чека вистинската љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар