7 симптоми на опасни болести што жените најчесто ги игнорираат

7 симптоми на опасни болести што жените најчесто ги игнорираат

Болестите кои се појавуваат кај жените може да бидат навистина подмолни. Понекогаш е тешко да се разликуваат нивните симптоми од оние за време на менструација. Во продолжение погледнете некои од овие симптоми кои може да се знак за некоја посериозна болест.

1. Често уринирање

7 симптоми на опасни болести што жените најчесто ги игнорираат

Што значи: Честото уринирање може да биде знак за нешто повеќе отколку проблеми со бубрезите или уринарниот тракт. Може да укажува на хормонална нерамнотежа или проблем со микрофлората на вагината. Ако често уринирате и постојано сте жедни, може да станува збор и за дијабетес.

Како да препознаете проблем: Понекогаш може да ви се чини дека често одите во тоалет, а тоа да не е така. Нормално одење во тоалет е од 4 до 10 пати дневно ако пиете доволно вода. Ако забележите почесто уринирање, посетете лекар.

2. Необјасниво слабеење

7 симптоми на опасни болести што жените најчесто ги игнорираат

Што значи: Понекогаш ова може да биде знак за Кронова болест, дијабетес тип 2 или рак. Како и да е, овој симптом сигурно укажува на некој проблем.

Како да препознаете проблем: Ако сте изгубиле 5-6 килограми во минатите 6-12 месеци без спортување или промена во исхраната, посетете лекар.

3. Влакна на необични места

7 симптоми на опасни болести што жените најчесто ги игнорираат

Што значи: Појавувањето на влакна кај жените обично значи поголем број машки хормони во телото. Но оваа состојба може да води и до неплодност, нарушување на метаболизмот, па дури и зголемен ризик од рак на дојката.

Како да препознаете проблем: Немојте веднаш да паничите бидејќи секоја жена смета дека е премногу влакнеста. Ако забележите појава на влакна на необични места, најдобро е да посетите лекар.

4. Крвавење по менопауза

7 симптоми на опасни болести што жените најчесто ги игнорираат

Што значи: Жените често забележуваат крв по менопаузата. Ова може да биде знак за рак на матката, цервицитис, миом и други опасни патолошки процеси.

Како да препознаете проблем: Жените кои примаат хормонална терапија може да имаат нешто што наликува на менструација околу 2 години по почетокот на менопаузата и ова е нормално. Во друг случај посетете лекар. Ова е особено опасно ако поминала 1 година од вашата последна менструација.

5. Какви било промени на градите

7 симптоми на опасни болести што жените најчесто ги игнорираат

Што значи: Првите знаци на рак на дојката се навистина тешки за забележување. Кога станува збор за болки во градите и лимфните жлезди, може веќе да биде доцна.

Како да препознаете проблем: Редовно правете преглед на градите и барајте какви било промени – црвена или збрчкана кожа, цисти и слично. Болката во градите, особено пред почетокот на менструацијата е нормална и обично е поради промена на нивото на хормоните.

6. Нетипично вагинално лачење

(6)7-simptomi-na-opasni-bolesti-shto-zhenite-najchesto-gi-ignoriraat-kafepauza.mk

Што значи: Ова може да биде знак за некакво воспаление или инфекција. Постојат многу причини за ова и најдобро е да посетите лекар веднаш штом забележите дека нешто не е во ред.

Како да препознаете проблем: Лачењето не треба да биде зелено или да има непријатен мирис. Нормално е да се појавуваат секрети помеѓу менструациите, околу 2 недели пред почетокот на менструацијата.

7. Обилна менструација

7 симптоми на опасни болести што жените најчесто ги игнорираат

Што значи: Причините може да бидат едноставни (наследна состојба, прилагодување на климата или претерано вежбање) и сериозни (миом на матката, нарушување на функцијата на тироидната жлезда). Дури и ако сметате дека е наследно, најдобро е да посетите лекар. Обилните менструации може да предизвикаат анемија.

Како да препознаете проблем: Тешко е да познаете дали имате обилна менструација, но ако таа трае повеќе од 7 дена посетете лекар, особено ако е светло црвена боја. Нормалниот менструален циклус трае од 21 до 35 денови и треба да биде стабилен.

Погледнете ги и нештата што секоја жена треба да ги знае за своето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар