7 секојдневни потсетници за посреќен живот

7 секојдневни потсетници за посреќен живот

Се прашувате како секојдневните потсетници ќе ви помогнат да бидете посреќни и позадоволни со себе? Секој ден е нов почеток во вашиот живот. За да ја пронајдете среќата треба да се фокусирате на тоа со какви мисли го храните умот бидејќи тие можат да имаат големо влијание врз вашето секојдневие. Прочитајте кои 7 потсетници можат да ви помогнат да водите поисполнет живот.

7 секојдневни потсетници за посреќен живот

1. Овој момент е сè што имате

Честопати погрешно го разбираме концептот на времето. Вистинското богатство на една личност се состои во сегашниот момент. Сепак, повеќето не го сфаќаат тоа. Тие продолжуваат да се стремат кон иднината, а забораваат да живеа во сегашноста. Се хранат со илузиите дека иднината ќе им донесе радост и среќа и дека сегашниот момент е нешто сосема нецелосно. Обидете се да уживате максимално во сегашноста без да мислите на иднината. Тоа ќе ви помогне да бидете посреќни и позадоволни со вашиот живот.

2. Нештата се случуваат во вистинското време

Филозофијата дека работите се случуваат во вистинскиот момент, колку и да ни изгледа чудна, сепак е точна. Ако внимателно размислете, ќе сфатите дека секој момент се случил во целосна усогласеност со времето.

3. Секој ден е нов почеток

Колку и да ви бил лош претходниот ден, секогаш можете да почнете одново. Утринските сончеви зраци ни даваат нова можност да тргнеме кон нов почеток. Запомнете дека ништо не трае вечно: дури ни негативните искуства.

4. Работите постојат сами по себе и не се во ваша сопственост

Нашето воспитување нè научи дека можеме да поседуваме сè што ќе посакаме. Оваа желба за поседување пак, е поттикната од нагонот за постојаниот консумеризам. Иако можат да се поседуваат материјални добри, среќата и внатрешниот мир секогаш ќе останат надвор од дофатот на материјализмот. Ако мислите дека задоволството е нешто што можете да го грабнете, се лажете. Доблестите се надвор од материјалниот свет.

5. Никогаш нема да морате да искусите повеќе отколку што ќе можете да поднесете

Секогаш кога се соочуваме со болката и страдањето ги опишуваме како лоши работи. Но, она што не успеваме да сфатиме е дека тие ни помагаат да станеме посилни. Мислиме дека животот ни задава многу повеќе болка отколку што можеме да поднесеме, но факт е дека никогаш не искусуваме повеќе од она кое можеме да го издржиме. Без разлика колку се тешки околностите, важно е да запомниме дека овие пречки ќе ни помогнат да станеме зрели и искусни.

6. Не обраќајте внимание на она што другите го велат за вас

Колку повеќе барате одобрување од другите, толку повеќе страдате бидејќи секогаш ќе постои некој кој ќе ве критикува дека сте она што сте. Луѓето секогаш ќе очекуваат од вас да бидете некој што не сте. Но, вие сте тука за да ги исполните вашите, а не туѓите соништа. Ослободете се од општественото условување и останете доследни на самите себе. Луѓето никогаш нема да ја разберат вашата визија, така што нема смисла да го очекувате нивното признание или одобрување.

7. Никогаш не правете компромиси само за да избегате од осаменоста

Во денешно време луѓето претпочитаат да бидат со некого отколку сами со себе. На тој начин сметаат дека ќе избегаат од празнината на осаменоста. Тие секогаш живеат со страв од помислата дека ако не се придржуваат до општествените норми, ќе бидат отфрлени од заедницата. Но, честопати луѓето со кои го поминуваме времето не ни помагаат да бидеме она што сме, туку нè убедуваат да се стремиме кон нешто друго, што по своја природа е токсично и контрадикторно. Затоа, секогаш е подобро да бидете сами и сами да се изборите за своите соништа, отколку да бидете во друштво на погрешни луѓе.

Откако ја прочитавте нашата листа со 7 секојдневни потсетници за посреќен живот, ви предлагаме да прочитате и кои 10 навики ќе направат да размислувате позитивно секој ден.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар