7 реченици кои секојдневно треба да ѝ ги повторувате на вашата ќерка додека расте
Можеби не ви изгледа тоа така во моментов, но вашето девојче еден ден ќе порасне и ќе се претвори во прекрасна, млада жена која храбро ќе чекори кон своите соништа. Со цел да ја подготвите за тој пат, вие мора да ѝ бидете најголемата поддршка во животот. Постигнете го тоа со помош на овие неверојатно моќни реченици!
1. „Колку и да е тешко, ќе помине“
Понекогаш проблемите на вашите најмали можеби ви делуваат бесмислено, бидејќи вашите се многу поголеми, но не заборавајте дека тие немаат толку големо искуство зад себе за споредување, па дури и најмалата препрека може да им изгледа како „крај на светот“.
2. „Никој не може да ти го одземе знаењето“
Со цел да порасне во успешна жена, вашата ќерка мора да научи дека целото знаење што го стекнува е драгоцено. Тоа ќе ѝ значи многу повеќе одошто во моментот мисли, па затоа и постојано поттикнувајте ја да биде љубопитна и да прашува.
3. „Верувам во тебе“
Иако секојдневно ѝ покажувате дека верувате во неа, сепак понекогаш е убаво да ги изговорите овие зборови. Не можете ни да замислите колку ќе ја мотивирате со оваа реченица!
4. „Верувај во себе“
Една од најважните лекции што вашата ќерка може да ги научи е таа за самодовербата и почитта кон себе. Морате на време да ја научите да се почитува и постојано да се бори за себе и за својот став. Само така таа ќе се движи напред без да гледа наназад.
5. „Се гордеам на тебе“
Вашата ќерка живее за да ве види насмеана, па затоа и многу е важно да знае дека вие се гордеете со неа. Без разлика дали станува збор за нешто мало или пак, за неверојатно големо достигнување – секогаш кажувајте ѝ дека сте горди што сте нејзина мајка.
6. „Биди тоа што си“
Таа треба да се прифати во целост и да научи дека не смее да се менува за никого. Таа е прекрасна токму таква каква што е и светот заслужува да ја види во вистинското светло.
7. „Те сакам“
Вашата ќерка секојдневно ја чувствува вашата силна мајчинска љубов, но не заборавајте одвреме-навреме и да ѝ го кажете тоа. Токму овие момент ќе останат уште долго со неа, и ќе ја водат кон правилниот животен пат.
Маж со 8-годишна ќерка споделува како да станете најдобриот татко.