Претходно
7 рецепти за јадења без масло: Вака се пости првата недела од велигденскиот пост!
Ориз со праз
Потребни состојки:
- 1 страк праз,
- 300 г ориз,
- сол и бибер.
Начин на подготовка:
- Исчистете го празот, исечкајте го и сварете го во малку вода. Додајте го оризот и уште вода па оставете да зоврие.
- Пред крај додајте сол и бибер и зачинете по желба.
Пити:
Пита со јаболки
Потребни состојки:
- 500 г готови кори,
- 500 г рендани јаболки,
- цимет, шеќер, ореви и сок од портокал.
Начин на подготовка:
- Изрендајте ги јаболките, додадете цимет и шеќер, и варете ги со малку вода на рингла.
- Потоа додајте ги оревите, (можете и сушено грозје) и филувајте ги корите.
- На секоја кора ставете по малку сок од портокал, потоа од филот со јаболки и завиткајте во ролна.
- Редете ги во тава за печење и ставете им малку кисела вода.
- Печете на 180˚ околу 20 минути.
Пита со компир и спанаќ
Потребни состојки:
- 4 поголеми компири,
- 200 гр. спанаќ,
- 1 главица кромид,
- кори за пита,
- сол и кисела вода.
Начин на подготовка:
- Сварете го излупениот компир и на крај додајте го спанаќот.
- Кога сè ќе биде убаво сварено, процедете и испасирајте.
- Додајте зачини и свеж, исецкан кромид.
- Кога смесата ќе биде готова, филувајте ги корите.
- На секоја кора ставете малку кисела вода, потоа над неа ставете друга згужвана кора на која, исто така, ќе ставете малку кисела вода и фил.
- Виткајте ги корите во ролни и редете ги во тава за печење.
- Печете на 180˚ околу половина час.
- Цел на постот е да ги прочистите вашето тело и душа. Се препорачува да јадете свеж зеленчук и овошје, без термичка обработка и да пиете многу вода.
Можеби сакате да го прочитате и овој вегански рецепт со карфиол во облик на „Mac and Cheese“.