7 разговори кои треба да ги направите со вашиот партнер пред да стапите во брак

7 разговори кои треба да ги направите со вашиот партнер пред да стапите во брак

Многу парови живеат заедно долго време пред нивната свадба и токму затоа веќе се имаат договорено кој ќе ги мие садовите, а кој ќе го чисти тоалетот, како и кои коментари можат да претворат мало несогласување во огромна нуклеарна експлозија. Но, на страна од овие секојдневни ритуали, постојат неколку разговори за кои дефинитивно би требало да најдете време пред да стапите во брак, дури и ако веќе знаете како да живеете заедно еден со друг.

7 разговори кои треба да ги направите со вашиот партнер пред да стапите во брак

1. Долгови и финансии

Оваа тема е една од најголемите причини поради кои паровите имаат големи проблеми во врската. Токму затоа, разговарајте искрено со вашиот партнер за вашата финансиска ситуација. Доколку еден од вас веќе има долг позади себе, без разлика дали станува збор за студентски долг или пак, за нешто сосема друго, не го кријте тоа од него/неа. Исто така разговарајте и за вашите навики за штедење/трошење и заедно направете еден основен финансиски план според кој ќе се придржувате сега, но и кога ќе бидете во брак.

2. Деца и родителство

Уште во првите моменти кога врската станува сериозна, мора да се разговара на оваа тема. Откријте кои се очекувањата за родителството на вашиот партнер, но објаснете му/ѝ ги и вашите. Дали и двајцата сакате деца или пак, еден од вас во иднина не се гледа како родител? Доколку сакате деца, дали тој сака таа да остане дома и да се грижи за децата или пак, таа сака да има кариера, па во тој случај децата би ги чувал некој друг од семејството? Додека сте на оваа тема, добро е да се договорите и за фактот дали вашите деца ќе бидат растени со одредена религија или не.

3. Преселување во друг град или држава

Разговарајте со вашиот партнер за неговата/нејзината отвореност кон преселување без разлика дали причината би била само едноставна промена на средината или пак, потреба за развивање на вашите кариери. Доколку тој/таа има потешкотии при напуштањето на оваа средина, обидете се да разберете зошто. Можеби причината лежи во едноставниот страв од промени или пак, причината има подлабоки корени како желбата да се биде поблизу до најблиските.

4. Животни приоритети

Да се биде во брак значи да се има долгогодишни планови со друга личност, па токму затоа многу е важно што порано да се откријат приоритетите. Дали летниот одмор е нешто за што никогаш не смее да се преговара? Или пак, повеќе би сакале да штедите за нов стан/куќа? Разговарајте со вашиот партнер и откријте ја „златната“ средина во која и двајцата ќе се чувствувате удобно. Вие треба да имате можност да ги остварите вашите цели, бидејќи бракот треба да биде отскочна даска за големи постигнувања, но секој од вас би требало да одбере соодветно време со цел да не си попречите измеѓу себе во остварувањето на вашите соништа и надежи.

5. Вашите родители кои стареат

Можеби е прерано да размислувате на оваа тема, но разговорот со партнерот за тоа е клучен. Дали тој/таа сака тие да живеат во дом за старци или пак, би ги поканиле во вашиот дом? Покрај родителите, разговарајте и за вашите браќа/сестри на истата тема.

6. Справување со тешките времиња

Започнете со наредново прашање: Кои се некои од најлошите периоди во твојот живот и како успеа да се справиш со нив? Ова прашање ќе ви помогне да разберете како вашиот партнер реагира во тешки ситуации и како се справува со трагедија. Исто така ќе откриете и каков вид поддршка ќе му/ѝ биде потребна доколку дојде до таква или слична ситуација. Следниот дел од разговорот е малку потежок. Објаснете му на вашиот партнер како вие се справувате со големите предизвици, доколку тие се појават (размислете: емоционални, физички, здравствени или финансиски).

7. Подобрете ја вашата комуникација

Доколку сте заедно повеќе години, сигурно веќе сте поставиле некаков вид комуникација. Но, многу е важно да разговарате за начините на кои можете да ја подобрите оваа комуникација за време на расправиите, преговарањата и компромисите. Прашајте го вашиот партнер како неговите/нејзините родители комуницираат и што можете вие да научите од тоа. Разговарајте и за комуникацијата помеѓу вашите родители и откријте ги сите оние нешта кои се позитивни, со цел да ги применувате и вие, но идентификувајте ги и сите оние нешта кои влијаат негативно со цел да научите да ги избегнувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар