7 работи за кои многумина мислат дека се негативни, но не се

7 работи за кои многумина мислат дека се негативни, но не се

Најдобро чувство е кога едноставно сме свои. Но, многупати ќе се воздржиме од сопствените желби и чувства просто затоа што се сметаат за негативни. Ова се некои од нештата кои се сметаат за негативни, но во суштина може да бидат здрави.

7 работи за кои многумина мислат дека се негативни, но не се

1. Бесот

Бесот е нешто што многумина од нас го одбегнуваат, но во суштина искажувањето бес може да биде навистина ослободувачки. Кога го чувате и потиснувате бесот во себе тој може да прерасне во омраза па и депресија. Во ред е да бидете лути и бесни, признајте и бидете искрени кон себеси. Секој се чувствува така понекогаш. Научете како да ја канализирате негативната енергија од бесот и да се ослободите од неа. Научете како да го искажете бесот на што е можно попозитивен начин со што ќе се ослободите од него. Со еден збор, имајте своја тактика на ослободување од чувството на лутина, но во никој случај не чувајте го во себе.

2. Чувството на изгубеност

Изгубени сме кога сме ја изгубиле насоката или правецот на движење. Може да бидете изгубени на непозната територија или метафорично, како на пример се наоѓате во една таква фаза од животот кога ви се чини дека немате контрола и не ја знаете правилната насока. Тоа во туѓите очи може да изгледа негативно и лошо – да не знаеш каде си и што правиш. Но, гледајте на тоа вака. Ако се изгубите во сосем непозната земја, обидувајќи се да го најдете патот ќе откриете многу нови, интересни и возбудливи нешта кои воопшто не сте планирале да ви се случат.

Тоа што сте изгубени моментално не значи дека ќе останете изгубени засекогаш. Само бидете трпеливи и оставете времето да покаже.

3. Плачењето

Плачењето, исто како бесот, е здрава човечка реакција на одредена ситуација. Солзите може да бидат предизвикани од тага но и од радост. Кога плачеме тоа ѝ помага на нашата психа да се ослободи од таа негативна енергија која инаку би резултирала со бес и токсични чувства.

Во ред е да бидеме ранливи понекогаш и да реагираме на одредени ситуации од надворешниот свет. Во ред е да чувствуваме тага, бес, лутина, загуба.

4. Самотијата

Има разлика меѓу самотија и осаменост. Ако чувствувате потреба да бидете сами со себе не значи дека сте осамени. Подобро останете дома или одете на прошетка во парк отколку да се терате себеси да бидете дел од какви било социјални збиднувања. И најголемите мислители, филозофи, писатели и уметници црпат инспирација од оние моменти кога се сами со себе и своите мисли. Секој понекогаш има потреба едноставно да биде сам. Така се запознавате повеќе со она што го чувствувате и сте во допир со себеси на едно подлабоко ниво.

5. Неслушањето на другите

Неслушањето на другите може да биде сфатено како арогантно и себично однесување. Но, некогаш имате потреба да се исклучите од светот и од сè што слушате и едноставно да размислите со ладна глава. Секој има право да ни каже нешто, но вие немате обврска да го слушате или да дозволите тоа да влијае на вас на каков било начин.

Ако интуицијата ви вели да се послушате себеси наместо другиот, сторете го тоа.

6. Кршењето на правилата

Правилата се поставени од луѓе и никој од нас не е совршен. Ако вашето срце ви кажува нешто што се коси со одредени норми и правила сторете го тоа. Најголемите уметнички и пишани дела, како и иновации кои му помогнале на човештвото се направени од луѓе кои му се спротивставиле на општеството и на нормите кои ги поставиле луѓето. Затоа не плашете се да прекршите по некое правило одвреме-навреме.

7. Чувството дека не припаѓате негде

Отфрленоста може да биде болна, особено во младите и ранливи години. Но, тоа исто може да значи дека она што може да го понудите и вашиот талент едноставно е над она што другите го прифаќаат. „Излегувањето од кутијата“ и од безбедната зона нè прави похрабри, посмели и ни дозволува да се пронајдеме себеси. Којзнае, можеби ќе направите нов пат кој другите ќе го следат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар