7 работи за кои мајките никогаш не треба да се извинуваат

7 работи за кои мајките никогаш не треба да се извинуваат

Младите мајки постојано се под голем притисок кој им го наметнува брзиот начин на живеење, но и туѓите предрасуди. Луѓето постојано ги осудуваат доколку не ја приготвуваат бебешката храна сами, доколку заборавиле да ја измијат косата, одат на работа, не го шетаат доволно бебето, излегуваат навечер и уште многу други работи поради кои лесно може да се добие етикетата „лоша мајка“. Токму затоа, мајките честопати се доведуваат до ситуација непотребно да се извинуваат. Сето тоа е многу напорно. Доколку се соочувате со овој проблем, прочитајте за кои 7 работи ниту една мајка не треба да се чувствува лошо.

7 работи за кои мајките никогаш не треба да се извинуваат

1. Не знаете ниту една приспивна песничка на памет. Што и да пеете, како и да пеете, за вашето бебе вие сте Бијонсе кога му пеете за добра ноќ. Па, што ако постојано го менувате текстот и измислувате нови зборови? Доколку некој ве прекори поради тоа, објаснете му дека менувањето на зборовите всушност ја зголемува креативноста на новороденчето.

2. Не ви недостасуваат децата кога сте на работа. Не ви недостасуваат ниту кога сте на одмор или излезени на вечера. Нормално е да сакате да избегате од целиот тој хаос и да ручате на раат без некој да ви вреска на уво. Не треба да се чувствувате лошо поради тоа.

3. Имате играчки насекаде. Поважно е на вашето дете да му е забавно, отколку да се гледа вашиот нов тепих. Само предупредете ги гостите да внимаваат да не се сопнат поради многубројните пречки на патот.

4. Понекогаш се криете од вашите деца. Ова веројатно најмногу се однесува за родителите чии деца се тинејџери. Секому му се потребни барем 10 минути само за себе, чисто колку да се ослободите од стресот и да ја истурите вашата лутина на перницата, а не на вашето дете.

7 работи за кои мајките никогаш не треба да се извинуваат

5. На децата им дозволувате да поминуваат повеќе време пред екраните. Сите мајки знаат колку е тешко да се смири дете кое непрекинато плаче. Знаете дека единствен лек е омилениот цртан или видео игра, па му дозволувате да помине малку повеќе време пред телевизор или компјутер отколку што експертите советуваат дека треба. Сепак сте само човек и во ред е да си го дозволувате овој „грев“ одвреме-навреме.

6. Не сте ги изгубиле тие 2 килограма вишок што сте ги качиле за време на бременоста. Под 2, се подразбираат 7 килограми. Треба да се грижите за мал човек, диетите и вежбањето се последното нешто што ви паѓа на памет!

7. Објавувате премногу неодоливи слики од вашите деца на социјалните мрежи. Секогаш постои опцијата „unfollow“ за оние на кои не им се допаѓа тоа што го објавувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар