7 работи во животот за кои треба да си простите
Честопати си го поставувате прашањето: „Дали сето тоа беше моја вина?“. Понекогаш сте премногу груби кон себе, особено кога сте направиле некаква грешка, а од друга страна потребно е време да зараснат лузните од минатото. Но, штом ќе се прифатите себеси такви какви што сте, ќе бидете ослободени од сета болка и очај. Ако нешто треба да научите кон крајот на оваа година, тоа е простувањето, односно да научите да си простите себеси.
1. Простете си за вашето минато
Има една изрека: „Ако продолжите да гледате назад, нема да одите напред“. Факт е дека многумина ги прогонуваат грешките од минатото. Сепак, не заборавајте дека секој прави грешки и дека најважно од сè е да научите од нив.
2. Простете си кога се чувствувате ранливи
Да се чувствувате ранливи е едно од најприродните чувства што може да ги доживеете и затоа не смеете да се плашите. Простете си кога се чувствувате слаби и не дозволувајте да ве обземе несигурноста бидејќи сите ние имаме несовршености и маани.
3. Простете си за сите ваши неуспешни врски
Постојат многу причини поради кои една љубовна врска не може да биде успешна како недостаток на доверба или комуникација, спротивставени гледишта итн. Но, тоа не значи дека вашите идни врски нема да функционираат. Мора да се фокусирате на сегашноста, а не на вашите неуспешни врски во минатото.
4. Простете си што не преземате ризици
Можеби многупати сте избегнувале искуства во животот бидејќи тие вклучувале преземање ризици. Без разлика дали се работи за патување во нов град за вашата работа од соништата или избегнување на „разговор“ со вашиот партнер. Одвреме-навреме размислувате каков би бил вашиот живот кога би рекле „да“ на таа понуда за работа или би отишле на тоа патување со вашите пријатели. Треба да си простите и да се ослободите од мислата дека не сте презеле доволно ризици или шанси во животот. Размислете колку сте среќни сега и почитувајте ги вашите избори дури и ако тие не биле смели и спонтани.
5. Простете си што сте мрзливи
Имавте тешка недела и немате желба да работите . Тоа е сосема во ред, не можете постојано да биде продуктивни. Ако сакате да забавите некое време, направете го тоа и воопшто не се чувствувајте виновни. Запомнете дека сè што ви треба во тој момент е малку одмор за да се вратите на вистинскиот пат.
6. Простете си за моментите на себичност
Одвреме-навреме треба да бидете себични, особено доколку станува збор за вашите соништа, кариера или ментална благосостојба.
7. Простете си за идните грешки
Сите ние правиме грешки во животот, некои во минатото, некои грешки што ги правиме моментално и некои што ќе ги направиме во иднина. Но, тоа е животот. Не постои човек кој никогаш не згрешил. Тоа е убавината да се биде човек затоа што грешките нè тераат да научиме многу важни работи за животот.
Откако прочитавте за кои работи треба да си простите, можеби ќе сакате да прочитате и зошто понекогаш простувањето е најмоќното нешто што можете да го направите.
Извор: themindsjournal.com