7 работи во кои никогаш не сте престари да верувате
Иако сме возрасни, тоа не значи дека треба да престанеме да веруваме во бајките. Како што старееме стануваме сѐ посвесни за суровата реалност и човечката злоба, па забораваме колку животот знае да биде убав. Мораме да се присетиме на невиноста и стравопочитувањето кон животот во нашите детски денови.
Во случај да заборавивте на вашите детски мечти и малите, но сепак важни моменти од животот сетете се дека верувањето не чини ни еден денар. Ако сакате да се заштитете од суровоста на реалниот свет, важно е да го задржите детето во вас. Немојте да се плашите од животот. Сонувајте, верувајте и дишете со гради полни живот. Никогаш не заборавајте дека е важно да ја сочувате вербата и да имате соништа, затоа што само така ќе бидете среќни и ќе ја почувствувате вистинската смисла на животот.
1. Чуда
Чудата се случуваат секој ден, отворете ги очите и сигурно ќе забележите барем едно. Верувајте дека сите убави работи кои им се случуваат на другите, можат да ви се случат и вам. Самото верување ќе ви донесе убави изненадувања кои ќе бидат причина плус за да се чувствувате убаво.
Чудата се едни од најважните елементи на животот за кои никогаш нема да имаме премногу години за да веруваме. Мора да имате надеж и да верувате дека светлото на крајот од тунелот ќе се појави. Не држете негативен став и не мислите дека чудата се невозможни во реалниот живот. Верувајте и ќе се уверите. Чудата се случуваат секој ден насекаде, а ќе се случуваат и во иднината.
2. Вистинска љубов
Ако Купидон ве разочарал неколку пати тешко е да верувате во постоењето на љубовта. Работата е во тоа што најверојатно сте налетале на погрешната личност или сѐ уште не сте ја запознале вистинската. Таа постои за секој од нас, иако некои тешко ја наоѓаат. Мора да бидете доволно стрпливи и внимателни за да се појави вашата сродна душа, а тоа најверојатно ќе се случи кога најмалку ќе очекувате.
Вистинската љубов е непроценлива и исклучително драгоцена, и затоа толку тешко се наоѓа, но кога ќе ја пронајдете, ќе знаете дека тоа е тоа. Таквото нешто не се опишува со зборови туку се чувствува. За големите работи како што е љубовта вреди да се вложи малку поголем труд. Но, потребно е да се почувствува и болка за да знаеме да ја цениме тогаш кога ќе се појави.
Имајте на ум дека љубовта е единствениот правилен одговор на сите прашања кои животот безмилосно ни ги поставува и затоа е од голема важност да се верува во неа.
3. Магија
Магијата во која верувавме како деца малку се разликува од онаа во која треба да веруваме откако ќе созрееме. Значи, не зборуваме за самовили, магионичари и ликови од бајките туку за животната магија која се сретнува секојдневно, ако знаете каде да ја најдете.
Магијата е повеќе емоција отколку некоја конкретна случка. Сетете се на посебните моменти: првиот страстен бакнеж помеѓу вас и личноста на вашиот живот, раѓањето на вашето дете или пак денот на свадбата. Во сите тие моменти се чувствувавте навистина посебно, односно како да сте излегле од бајка, нели?
Верувајте дека во животот ве очекуваат уште многу слични моменти исполнети со магија, а кога таа ќе пристигне, препуштете ѝ се и уживајте.
4. Среќни краеви
Сигурно и вам ви е позната фразата „и си живееја среќно до крајот на животот“. Со оваа реченица завршува скоро секоја бајка и дел од нас верува дека тоа се приказни за мали деца и дека тоа во реалноста не постои. Тоа е погрешен став бидејќи ништо не ве чини да бидете позитивни и да верувате дека на крајот сѐ ќе биде во ред, зар не?
Иако навистина е малку покомплицирано отколку во приказните, среќата е возможна и секој од нас ја заслужува. Случувањата и врските немаат секогаш лош крај, иако понекогаш така ни изгледа. На крајот од краиштата, всушност сѐ е како што требало да биде. Еден ден и вам животот ќе ви изгледа идиличен, ќе ја запознаете вашата личност од бајките и ќе го доживеете вашето „и среќно си живееја до крајот на животот“.
5. Животна смисла
Веројатно многупати во животот сте се запрашале што всушност е смислата на животот. На ова прашање не може никој да ви одговори освен вие самите бидејќи креаторот на сопствената животна смисла сте вие.
Без разлика на сѐ, мора да верувате дека смислата на животот постои, иако некогаш не сте сигурни во нејзиното значење. Немојте да го поминете животот верувајќи дека секој ваш потег е бесмислен. Верувајте дека постои причина зошто вие постоите.
6. Опоравување
Ако во моментов ви е многу тешко или сте во прилично лоша животна ситуација треба да верувате во подоброто утре. Колку и да изгледа црно, подобра и посветла иднина постои за секој од нас, но мораме да бидеме доволно силни за да ја прифатиме.
Значи, не е важно со какви проблеми се соочувате, тие проблеми ќе ве направат посилна и подобра личност. Секогаш можете да се откажете од вашите пороци и да ги промените лошите навики. Станува збор за тежок процес, но не и за невозможен. Само верувајте дека можете да се опоравите и ќе бидете доволно силни за промените кои следуваат.
7. Верба во себе
Последна, ама не и помалку важна е вербата во себе. Ако не верувате во себе и во вашите способности тешко дека ќе стигнете далеку. Не дозволувајте околината да ве ограничува, имајте надеж и верба во вашите сништа, иако сите ви кажуваат дека тие не се можни. Само вие можете да одлучите дали ќе сакате да ги остварите или не, но во двата случаи сте во право.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.