7 работи со коишто го нервирате вашиот фризер
Кога се чувствуваме лошо, одењето на фризер може да ги подобри работите. Не само затоа што на некој начин ќе нè разубави, туку и затоа што таму може да се чујат најновите гласини, па со тоа и дополнително да ни се подобри расположението. Сепак, постојат неколку работи коишто го нервираат вашиот фризер, па доколку личноста којашто ви ја средува косата е важна за вас, не би било лошо да прекинете да ги правите овие неколку работи.
1. Барате фризура како на некоја позната личност, а не носите фотографија
Личноста којашто се занимава со разубавување сигурно ги следи трендовите, меѓутоа не очекувајте да ја знае баш секоја фризура на познатите личности. Посебно поради фактот што познатите честопати прават драстични промени кога е во прашање нивната фризура. Затоа, однесете исечок од весник или едноставно покажете фотографија од Инстаграм на телeфонот, па олеснете ѝ ја работата.
2. Очекувате чудо
Откако ги дадовте потребните инструкции, вие очекувате да изгледате идентично како личноста од сликата. Запаметете дека фризерот не е магионичар, а вие немате исти црти и квалитет на косата. Преголемите очекувања честопати завршуваат со разочарување, па затоа бидете реални и гледајте како одредена фризура ви стои вам, а не дали е идентична со онаа на сликата. Вашиот фризер сигурно ќе се потруди да ви ја исполни желбата, но и да се прилагоди на вас.
3. Се трудите да ја промените косата од корен
Тоа е невозможно и прифатете го тоа! Драстичната промена на бојата и фризурата е едно, а квалитетот на косата и тоа што ви прилега на вашето лице е нешто сосема друго. Прифатете ги сугестиите од професионалците, споредете ги со вашите желби и мора да излезе нешто добро.
4. Се сомневате во нивното мислење
Освен ако не сте отишле кај некоја ваша самоука сосетка на фризер, потребно е да знаете дека имате работа со професионалец којшто се едуцирал за тоа што го работи. Доколку тврди дека не би требало повеќе да ја осветлувате косата од причина што веќе доволно е оштетена, послушајте го и дозволете да ви даде предлог како повеќе да бидете задоволни со вашите резултати.
5. Не се шишате редовно
На фризерите им е многу тешко кога гледаат суви краеви на косата, па едвај се воздржуваат да не ги скратат, дури и кога вие тоа не го посакувате. Прифатете дека расцветаните врвови навистина изгледаат неубаво, па затоа настојувајте да ви биде рутина да ги скратувате на секои 12 недели.
6. Сами ги скратувате вашите шишки
Кога се шишате сами дома и подоцна одите кај фризер, тој најверојатно ќе треба да ги поправа работите. Скратувањето на шишките не чини многу, па доколку одлучите да го правите тоа, оставете го во рацете на професионалец. Тој ќе знае да го одреди обликот според вашето лице, а и нема да имате криви или прекратки шишки.
7. Се правите дека сте задоволни, а не сте
Иако можеби ви е непријатно да му кажете на фризерот дека не ви се допаѓа каква излегла вашата фризура, не размислувајте за тоа дали имате работа со суетна личност, туку за свои пари имате право да излезете насмеани од салонот.
Пријателскиот однос е многу важен, па затоа, доколку ги правите некои од горенаведените работи, исправете ги што побргу. Така би биле задоволни и вие и вашиот фризер!