7 работи кои треба да ги направи секој родител пред почетокот на учебната година

7 работи кои треба да ги направи секој родител пред почетокот на учебната година

Летниот распуст е долг и прекрасен. Распустите се исполнети со многу забава, одмори, прошетки, сладоледи, престој кај бабите и дедовците… Но, август полека си минува и за неколку дена ќе се слушне првото училишно ѕвонче. Децата кои максимално се опуштија во текот на изминатите неколку месеци, треба полека да се подготват за на училиште. Секој родител треба да направи сè што може, неговото дете колку што е можно помалку стресно да го прифати почетокот на новата учебна година. Има неколку работи кои би можеле да ги направите за подготовка на вашите деца за враќање во училишните клупи. Ова особено важи за родителите чие дете годинава ќе стане прваче.

(2) 7 работи што треба да ги направи секој родител пред почетокот на учебната година

1. Создадете работен простор во вашиот дом

Без оглед дали ќе поставите работна маса во детската соба или ќе издвоите мал дел од дневниот престој, важно е да создадете катче кое што децата ќе ги потсетува на обврските кои доаѓаат. Уредете ги во убави, весели бои, поставете книги, лектири, тетратки. Доколку веќе го имате таквиот работен простор во вашиот дом, заедно со детето средете ја масата и полиците од работите кои се натрупале во текот на летниот распуст. Исфрлете ги сите непотребни предмети. Создадете чист и уреден простор за секојдневните обврски, пишувањето домашно и учењето на новите лекции.

2. Станувајте порано и вежбајте подготовка за на училиште

Повеќето од децата во текот на летото стануваат малку подоцна наутро, па затоа е добро да ги будите порано, неколку дена пред стартот на учебната година. Доколку имате можност, потсетете се на патот до училиштето. Иако првачињата, без оглед на тоа колку е блиску училиштето до вашиот дом, најчесто првите месеци одат на часови во придружба на член од семејството, сепак би било добро претходно да го запознаат тој пат. На тој начин тие ќе се подготват за новиот предизвик што ги очекува.

(3) 7 работи што треба да ги направи секој родител пред почетокот на учебната година

3. Направете распоред на нивните обврски

Пред тргнување на училиште, добро е да се поразговара со децата за сите обврски што ги очекуваат. Најдобро би било да подготвите еден распоред на кои ќе ги напишете обврските, како на пример пишување домашна, читање, работа на проекти… Подоцна ќе го вметнете и распоредот на предмети за таа учебна година. Поразговарајте со децата и определете го најдоброто време за одмор и пауза во текот на работниот ден, а не ги заборавајте ниту споредните активности, како што се спортот, часовите по музика, балет, сликање… На овој начин децата полека ќе се подготват за обврските кои ќе им започнат за неколку дена.

4. Запознајте ги со новиот наставник

Доколку имате прваче или дете кое од одделенска преминува во предметна настава, добро би било неколку дена пред стартот на учебната година, да го запознае својот наставник или класен раководител. Потрудете се тоа да биде кратка неформална средба. Запознавањето на новиот наставник многу ќе му помогне на детето, но и на вас како родител.

(4) 7 работи што треба да ги направи секој родител пред почетокот на учебната година

5. Организирајте средба со соученик на вашето дете

Повозрасните ученици се дружат и во текот на летото, но помалите можеби и не ги гледаат своите соученици за време на летниот распуст. Организирајте една кратка средба и игра на вашето дете со некое негово другарче од одделението.

6. Разговарајте за нивните чувства

Секое дете пред стартот на учебната година чувствува нервоза и страв. Разговарајте со нив за нивните чувства. Објаснете им дека е нормално да се чувствуваат така, без оглед дали се првачиња или се веќе средношколци. Самата помисла дека доаѓа крај на безгрижните летни денови создава чувство на мачнина. Потрудете се заедно да го визуализирате тој страв и да му дадете име.

(5) 7 работи што треба да ги направи секој родител пред почетокот на учебната година

7. Уживајте во секоја слободна минута до крајот на распустот

Искористете го секој слободен момент да уживате во заеднички активности со вашите деца. Покрај подготовките, најдете време за заеднички прошетки, подготовка на заеднички ручеци и вечери, дружење со роднините и пријателите. Направете им го крајот на летниот распуст незаборавен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар