7 работи што не треба да ги правите доколку сте многу чувствителни
Луѓето кои се многу чувствителни мора да се заштитат себеси, па така постојат неколку работи што треба да ги одбегнуваат. Доколку сте дел од овие поединци, тогаш сигурно ви е многу тешко да останете цврсти во одредени стабилни. Сепак, постојат работи што можете да ги направите за да ги контролирате вашите емоции. Ова се 7-те работи што треба да ги одбегнувате доколку сте многу чувствителни…
1. Не гледајте хорор филмови пред спиење
Можеби ова ви се чини како нешто безопасно, но доколку сте чувствителни, може да ви предизвика големи проблеми. Она што го гледаме во текот на денот, особено веднаш пред спиење, речиси секогаш се манифестира во нашите соништа, дури и да не се сеќаваме на нив. Ако чувствителните луѓе гледаат хорор филмови пред спиење, насилството се пренесува во нивните соништа. Тие најчесто сонуваат како тие самите или нивните сакани се жртви на некакви насилство и тоа го нарушува нивниот сон.
2. Немојте да работите во хиерархиска средина
Не мора да бидете чувствителни за да забележите дека работата во канцеларија, особено ако работните позиции се хиерархиски подредени, може да биде многу стресна, но на чувствителните луѓе сето тоа им се одразува уште понегативно. Чувствителните луѓе многу полично ги сфаќаат конструктивните критики за разлика од останатите. Тие го сфаќаат тоа како напад на нивното постоење. Потоа, почнуваат да мислат дека целосно потфрлиле и се чувствуваат лошо во врска со себе. Чувствителните луѓе се попродуктивни на работни места што немаат канцеларии и каде што нема хиерархија.
3. Немојте премногу да ги дразните вашите сетила
Без разлика колку сакате да слушате музика, гласната музика може многу да ве вознемири доколку сте чувствителни. Кога ќе ги додадете и светлата, темните простори и гужвата, неизбежно е да доживеете паничен напад. Ноќните клубови и концертите им предизвикуваат преголема стимулација на чувствителните луѓе. Во такви ситуации, нивните сетила се премногу надразнети и не се чувствуваат пријатно. Тоа понекогаш им создава и физичка болка.
4. Немојте да учествувате во групни спортови
Додека некои луѓе со задоволство учествуваат во групни вежби, за чувствителните поединци тоа претставува големо мачење. Тие ги одбегнуваат групните спортови, бидејќи им се чини дека сите гледаат во нив. Почнуваат да се плашат дека нема да бидат доволно успешни и дека другите ќе им се смеат.
5. Немојте да правите повеќе работи одеднаш
Можеби можете да разгледувате што има на Фејсбук и да разговарате со повеќе пријатели додека истовремено ја гледате вашата омилена ТВ серија, но кога станува збор за работни задачи, чувствителните луѓе не можат да прават повеќе работи одеднаш, бидејќи тоа им предизвикува огромна анксиозност. На работното место, чувствителните луѓе не можат да извршуваат повеќе обврски одеднаш. Ако добијат повеќе задачи, ќе почнат да стануваат анксиозни и нема да бидат продуктивни.
6. Не се изложувајте на критики
Никој не сака да биде критикуван, но за чувствителните луѓе тоа претставува вистинско трауматично искуство. Тие се обидуваат да ги одбегнат критиките по секоја цена. Токму поради тоа, тие најчесто им угодуваат на луѓето и посветуваат големо внимание на туѓите потреби. Како последица од тоа, почнуваат да се чувствуваат безвредно и ја губат својата самопочит.
7. Немојте да бидете во близина на токсични луѓе
Токсичните луѓе им предизвикуваат голем хаос на чувствителните поединци. Емотивните луѓе се многу емпатични и без проблем ги искажуваат своите емоции, што може да биде злоупотребено од страна на останатите. Доколку некој ги повреди, тие се распаѓаат на милион парчиња и тешко им е да застанат на нозе.
Нема ништо лошо во тоа да се биде чувствителен, напротив, постојат многу придобивки од оваа особина, а една од нив е големата креативност. Но, сепак, доколку припаѓате во оваа група луѓе, мора да се грижите за себе, за да ја одбегнете непотребната болка. Иако најверојатно нема да можете да се заштитите 24/7, треба барем да се обидете. Длабоките чувства се прекрасни и човечки, но понекогаш мора да си ги одморите телото и умот.
Сега откако дознавте кои работи треба да ги одбегнувате, почитајте ја и суровата вистина за чувствителните луѓе кои премногу размислуваат.