7 работи што не смеете да ги направите на новогодишната ноќ

7 работи што не смеете да ги направите на новогодишната ноќ

Денес е денот што сите со нетрпение го очекувавме цела година. Сигурно веќе имате испланирано како ќе ја поминете новогодишната ноќ откако сте ја преживеале целата таа еуфорија која сигурно сте ја почувствувале, колку и да не му придавате значење на денов. Без оглед на тоа каде ќе одите и како ќе славите вечерва, внимавајте да не ги направите следниве 7 работи…

7 работи што не смеете да ги направите на новогодишната ноќ

1. Немојте да носите премногу високи потпетици. Нема да можете да одите во нив, а ќе биде премногу темно за другите луѓе да ги забележат и да им се восхитуваат.

2. Немојте да носите прекраток фустан во кој ќе смрзнете. Какво и да е времето, сигурно ќе ви биде ладно во тесен, тенок и краток фустан.

3. Немојте да доцните на забавата. Ако прославата започнува во 22.00 часот, обидете се да стигнете на време. Никако немојте да пристигнете точно пред полноќ бидејќи ќе ја пропуштите целата забава и нема да имате чувство дека сте прославиле.

4. Немојте да се држите премногу строго до плановите. Во ред е да имате генерален план, но бидете флексибилни и препуштете се на текот на вечерта. Не е страшно ако скршнете малку од оригиналниот план.

5. Немојте да претерате со алкохолот. Не би сакале да ја дочекате новата година во прегратките на тоалетната шолја, се согласувате? Не пијте премногу брзо и бидете најадени. Убаво би било да се сеќавате на забавата, а не да се разбудите со дупки во меморијата.

6. Немојте постојано да го чепкате телефонот. Навистина не морате секоја можна секунда од забавата да ја објавите на Снепчет. И не би требало да ве интересира што прават другите. Бидете присутни во моментот. Ќе имате време да ги објавите сите селфиња утредента.

7. Не очекувајте премногу. Не треба да бидете негативни, но ако вашите очекувања се превисоки, голема е веројатноста дека ќе се разочарате. Едноставно уживајте и забавувајте се.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар