7 работи што може да се случат со вашето тело во текот на зимата

7 работи што може да се случат со вашето тело во текот на зимата

Ниските температури имаат тенденција да ве натераат да останете во затворен простор и да не бидете отпорни на вируси и инфекции. Но, покрај зимските настинки, студеното време може да влијае на човечкото тело на изненадувачки начини. Сепак, не сите од нив се штетни за вашето здравје. Во продолжение прочитајте како реагира човечкото тело на сезонскиот пад на температурата.

1. Вашиот јазик работи повеќе од вообичаеното

7 работи што може да се случат со вашето тело во текот на зимата

Ниските температури ги сушат усните, а вие сте во искушение да ги лижете за да ги навлажните. Иако тоа може да ви помогне привремено, оваа навика всушност може да доведе до испукани усни. Плунката испарува многу брзо оставајќи ги усните посуви од претходно. Исто така, содржи многу ензими што се премногу груби за вашите нежни усни.

2. Може да ве болат забите

7 работи што може да се случат со вашето тело во текот на зимата

Ако имате чувствителни заби, може да почувствувате остра, прободлива болка кога надвор е премногу студено. Студениот воздух може да стигне до нервите длабоко во забот и да предизвика болка. Стоматолозите препорачуваат да дишете преку нос кога сте на отворено и да завиткате шал околу устата за да ги загреете и да ги заштитите чувствителните заби од зимскиот студ.

3. Може да се зголеми нивото на шеќер во крвта

7 работи што може да се случат со вашето тело во текот на зимата

Студеното време го тера вашето тело да ослободува хормони на стрес кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Кај многумина, како што паѓа температурата, така се зголемува нивото на шеќер во крвта затоа што кога е студено, помалку сте мотивирани да одите надвор и да вежбате. Бидејќи физичката активност го намалува шеќерот во крвта, лекарите препорачуваат да вежбате дома во зима за да го држите нивото на шеќер под контрола.

4. Може да изгубите тежина

7 работи што може да се случат со вашето тело во текот на зимата

Иако е вистина дека многу луѓе добиваат вишок килограми во текот на зимата, на телото му е полесно да согорува калории кога е ладно. Телото се приспособува на ниските температури, произведувате топлина и согорувате дополнителна енергија. Кога треперите за да се навикнете на студот, согорувате повеќе калории за да создадете топлина.

5. Може да ви се појават повеќе брчки

7 работи што може да се случат со вашето тело во текот на зимата

Не можете целосно да ја обвините зимата за појавата на брчките, но вашата кожа е почувствителна во текот на зимата. Бидејќи има пад на влажноста во воздухот за време на студените месеци, вашата кожа почнува да се суши. Не може да задржи доволно вода и како резултат на тоа, станува сува и е склона кон појава на повеќе брчки.

6. Може да ви се влоши видот

7 работи што може да се случат со вашето тело во текот на зимата

Вашите очи може да бидат повеќе изложени на ризик во текот на зимата отколку во текот летото. Честопати заборавате да носите очила за сонце што ги блокираат УВ-зраците, но сонцето што се рефлектира од снегот може сериозно да ги оштети вашите очи. Очите се многу чувствителни на сув воздух и ветер, а тие може да доведат до сушење. Лекарите препорачуваат употреба на вештачки солзи во зима кога сте надвор.

7. Може да дехидрирате полесно

7 работи што може да се случат со вашето тело во текот на зимата

За време на зимските месеци, ретко се чувствувате жедни и често заборавате да пиете доволно вода. Бидејќи се потите помалку на ладно време, пиете помалку течности мислејќи дека сте доволно хидрирани. Но, ако чувствувате помалку жед, не значи дека на вашето тело му треба помалку вода и важно е да пиете доволно количина вода што му е потребна на вашето тело во текот на денот.

Прочитајте колку долго е заразна настинката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар