7 работи коишто треба да ги знаете пред да се впуштите во врска со девојка со невкусна смисла за хумор

7 работи коишто треба да ги знаете пред да се впуштите во врска со девојка со невкусна смисла за хумор

Вистина е дека не можеме да избереме во кој ќе се заљубиме, но веднаш штом ќе ги забележиме првите знаци на вљубување, треба да бидеме подготвени за она што следува. Момчињата, посебно, треба да знаат каква е девојката пред да ги споделат своите чувства со неа. Секоја личност е со различни квалитети по кои се разликува од другите. Некои се мирни, други се бунтовни, некои се насочени кон забава, додека некои пак имаат невкусна смисла за хумор.

Всушност, смислата за хумор доаѓа природно, без претходно размислување за тоа, а секако, тоа не значи дека таа личност е лоша. Доколку мислите дека се вљубувате во девојка којашто има навистина невкусна смисла за хумор, тогаш потребно е да знаете неколку работи за неа. Потребно е да знаете како ќе го поминувате времето заедно и како да се справите со неа. Во продолжение ви прикажуваме неколку работи коишто треба да ги знаете доколку почувствувате дека се вљубувате во девојка со невкусна смисла за хумор.

1. Не очекувајте секогаш да се однесува како дама

Невкусната смисла за хумор очигледно значи дека таа не може да ги задржи шегите за себе. Ако гледа краставица или морков пред себе, таа ќе каже нешто околу тоа затоа што тоа е токму пред неа. Па, ги советуваме мажите да не очекуваат секогаш девојката да се однесува како дама, ако има навистина невкусна смисла за хумор. Со ова таа ќе ве натера повеќе да ја сакате, а со текот на времето тоа може да стане дел и од вашето секојдневно однесување. Како и да е, секогаш треба да бидете подготвени за шеги од ваков вид.

2. Таа не се грижи што мислат другите луѓе

Таа воопшто не се срами и тоа е во нејзиното природно однесување. Затоа, пред да се заљубите, осигурете се дека нејзините шеги нема да ве навредуваат. Таа воопшто нема да обрне внимание на луѓето кои мислат дека нејзините шеги се глупави, бидејќи тоа е начинот на којшто таа живее.

3. Таа е очигледна феминистка

Таа се бори за слободата на говорот и изразувањето и не верува во доминација на едниот пол. Во никој случај не треба да се сфати дека таа е разгалено детиште кое се однесува нефер кон останатите, туку едноставно не сака да има поделба помеѓу родовите. Затоа, ќе видите дека се бори ако некој ја засрами или го навреди нејзиното размислување.

4. Таа ги сака лошите шеги

Ќе имате моменти кога и двајцата ќе видите нешто смешно и вие потајно ќе се смешкате на тоа, но таа ќе се смее на целиот глас. Можеби вам шегата ќе ви изгледа мала, но сигурно не знаете што се случува во нејзината глава што прави таа толку да се смее. Доколку таа види некој како паѓа, може гласно да рече „Жал ми е“, но понатаму таа сигурно ќе се смее за тоа. Да, таа ги обожава ваквите шеги!

5. Го користи смеењето за да ви се приближи

Ако се вљубувате во девојка со невкусна смисла за хумор, тоа е можеби баш поради тоа. Таа постојано кажува шеги и очекува сите околу неа да се смеат. Дел од ваквите невкусни шеги може да направат луѓето во нејзината околина да се чувствуваат поблиски и поотворени кон неа. Смеата понекогаш може да ги зближи луѓето повеќе од што било друго!

6. Таа сака шеги со различни звуци

Таа го обожава чкрипењето при влечењето на масата, звукот на празното шише од кечап, дувањето со сламка во сокот и звуците на сопственото тело. Таа ќе ја искористи секоја прилика за да направи шега со овие различни звуци.

7. Таа ги поседува сите видови хумор

Не секогаш нејзините шеги мора да бидат валкани. Тие може да се однесуваат на што било. Затоа, ви повторуваме: Бидете подготвени за секаков вид хумор! Исто така, простете ѝ доколку таа не може да одолее да не направи шега кога ќе ја изгубите вашата работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар