Ви се случило да намирисате миризба што не постои? Можеби сте доживеале олфакторна халуцинација! - Part 2

Ви се случило да намирисате миризба што не постои? Можеби сте доживеале олфакторна халуцинација!

4. Може да биде предизвикана од напад на темпоралниот лобус

(5)7-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-mirizlivata-halucinacija-kafepauza.mk - Copy

Нервот за миризба е сместен во темпоралниот лобус, кој пак е одговорен за преработување на информациите од сетилата. Нападите на овој дел од мозокот ќе имаат влијание на вашето сетило за мирис. Со други зборови, тоа нема да работи правилно.

5. Причината може да биде и воспаление на синусите

(6)7-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-mirizlivata-halucinacija-kafepauza.mk - Copy

Бидејќи миризбата која ја чувствувате не постои, причината речиси секогаш е во вашето тело. Воспалението на синусите или пак, нивното инфицирање може да влијае на способноста за правилно разликување на миризбите. Ако постои ваков здравствен проблем, вие можете да чувствувате и ароми кои не постојат.

6. Може да се случи по повреда на главата

(7)7-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-mirizlivata-halucinacija-kafepauza.mk - Copy

И оваа причина е поврзана со темпоралниот лобус. Ако повредата имала некакво влијание на овој дел од мозокот, вашето сетило за мирис може да не функционира како што треба.

7. Може да е последица од инфекција на респираторниот систем

(8)7-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-mirizlivata-halucinacija-kafepauza.mk - Copy

Нашите сетила за мирис и вкус се поврзани со респираторниот систем. Инфекцијата на овој систем, како и најобичната настинка, може да имаат влијание и да направат да чувствувате миризба која не постои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар