Ви се случило да намирисате миризба што не постои? Можеби сте доживеале олфакторна халуцинација!
Луѓето имаат по 5 сетила кои им помагаат да се снаоѓаат во светот околу нив – сетило за вид, слух, вкус, допир и мирис. Иако голем број луѓе мора да се адаптираат да живеат без некои од овие сетила, повеќето секојдневно се потпираат на нив за да откријат важни информации со цел да се заштитат.
Но понекогаш нашите сетила може да нè излажат. Ова се случува кога луѓето гледаат привиденија во пустините кои всушност се оптички илузии. Од друга страна, халуцинациите се нешто што е целосно измислено, односно перципирање на нешто што воопшто не постои. Халуцинациите најчесто се појавуваат во визуелна форма, но постојат и олфакторни халуцинации што влијаат на вашето сетило за мирис.
Што всушност преставува олфакторната халуцинација?
Ова се случува кога чувствувате некоја миризба што не постои. Овие халуцинации се многу чести и не треба да бидат причина за грижа. Сепак, понекогаш може да укажува на некаков проблем. Постојат неколку факти и причини за оваа појава. Погледнете за кои станува збор.
1. Миризбата не може да биде објаснета
Првиот чекор за откривање на оваа халуцинација е да го откриете изворот на миризбата која ја чувствувате. На пример, ако чувствувате мирис на пица и се прашувате од каде доаѓа, можеби станува збор за празна кутија од пица. Но, ако почувствувате некоја арома која е необична и не можете да го откриете нејзиниот извор, тогаш станува збор за халуцинација.
2. Миризбата може да биде пријатна или непријатна
Нема одредени миризби кои се поврзани со оваа халуцинација. Единственото нешто кое им е заедничко е тоа што не постојат. Тоа значи дека можете да чувствувате мирис на рози, како и мирис на корпа за отпадоци. Но тоа што навистина е интересно е дека една од најчестите олфакторни халуцинации е миризбата на чад.
3. Може да трае, но може да биде и кратка
Овие „фантомски“ ароми не следат некој распоред. Во некои случаи може да траат само неколку секунди. Но најчесто се појавуваат неколку пати и потоа исчезнуваат.
Продолжува на следната страница…