7 работи кои секоја девојка сака да ги чуе
Некогаш сè што ни треба се неколку топли зборови. Ова се дел од фразите кои секоја девојка сака да ги чуе од своето момче.
„Ми недостигаш“
Девојките сакаат да знаат дека се посакувани и значајни во нечиј живот. Без разлика дали сте минале неколку часа или неколку дена еден без друг, добро е понекогаш искрено да ѝ кажете на вашата девојка колку ви недостигала. Така ѝ давате до знаење дека сте мислеле на неа и дека нејзиното отсуство прави голема разлика во вашето секојдневие.
„Многу си убава“
Се разбира дека ја сакате својата девојка, но колку често ѝ давате комплименти? Комплиментите имаат магична моќ, можат да разубават нечиј ден и да ја зголемат самодовербата. Кажете ѝ дека е многу убава. Секогаш е добро девојката да чуе дека ја гледате со истиот жар уште од првиот пат кога сте се сретнале.
„Одбери ти“
Во врската треба да има баланс во донесувањето на одлуките. Некогаш е добро девојката од вас да чуе дека го цените нејзиното мислење и нејзиниот избор, па дајте ѝ до знаење дека сакате таа да одбере во кој ресторан ќе одите или кој филм ќе го гледате.
„Јас ќе готвам“
Бидејќи времињата се менуваат, на мажите сосема им е дозволено (дури е и пожелно) некогаш да зготват вечера или да исчистат. Да бидеме искрени, кога маж готви тоа е секси. Штом ќе ја повикате девојката на вечера која сам сте ја зготвиле, знајте дека сте ја освоиле.
„Ти благодарам“
Секогаш е добро да се покаже дека цените нечиј труд и разбирање. Дури и кога девојката ќе направи најситна работа покажете колку тоа ви значело. Кога се потрудила да ви приготви нешто, да ве изненади, ви купила подарок или нешто слично, едноставно речете „благодарам“.
„Ова ме потсети на тебе“
Нема поголем комплимент од кажувањето дека нешто ве потсетило токму на неа. Тоа може да биде филм, книга, песна и сл. Така кажувате дека дури и кога физички не е присутна, во мислите е покрај вас. Исто, ѝ дава до знаење дека толку добро ја познавате што може да ја почувствувате секогаш и секаде, и дека има толку нешта кои се карактеристични за неа и по кои е препознатлива.
„Те сакам“
Двата најтопли збора кои човек може да ги изговори. Со нив никогаш нема утка. Само не навикнувајте се да ги кажувате премногу често и секогаш кажувајте ги искрено.