7 работи кои никому не би ги кажале, но можете ги споделите со вашата сестра
Сестрите се личности кои ги отклучуваат добрите, лошите, грдите и навистина интересните квалитети во секого. Доколку имате сестра, сигурно сте искрени со неа без разлика на сè. Токму поради ова неа можете да ѝ кажете многу работи без да се чувствувате виновно или пак да мислите дека ќе ве суди.
Сестрата може да се справи со вашата сериозност и со вашето преувеличување, таа е овде да ве ислуша кога мислите дека сè друго тргнало наопаку. Погледнете кои работи слободно можете да ѝ ги кажете на вашата сестра, иако не ни помислувате да ги споделите со некој друг.
1. Можете детално да ѝ ја опишете вашата менструација
Менструалниот циклус е различен кај сите жени. Имајќи го ова на ум, вашата сестра е првата личност на која би ѝ го опишале мачното искуство. Без разлика колку се ужасни деталите, нејзе можете да ѝ раскажете сè. Таа знае низ што поминувате и нема потреба да прикривате некои работи.
2. „Губење свест“ поради некое момче
На секоја девојка ѝ се има случено да зјапа во некој атрактивен дечко во барот. Но, големи се шансите никој да не разбрал за тоа бидејќи вие сте ги споделиле вашите мисли само со сестра ви. Тешко е да ги контролирате и мислите и зборовите за некој кој ве привлекува. Но без разлика што имате да кажете, вашата сестра е овде за да ве ислуша.
3. Слободно разговарање за семејството
Дури и ако станува збор за вашите родители, вашата сестра ќе ве слуша. Таа ви е најдобриот пријател во семејството и одлично се согласувате, па веројатно имате и исто мислење за другите членови. Па кога некој од семејството навистина ќе ве направи гневни, вашата сестра е овде за да ѝ раскажете сè.
4. Детален опис на сексуално искуство
Без разлика колку сте отворени со пријателките за вашиот сексуален живот, вашата сестра е онаа која ги знае сите детали. И во овој случај нема потреба да ги прикривате срамните моменти бидејќи сигурно и таа сака да дознае сè.
5. Брутална искреност за нејзината облека
Во ред е вие да ги критикувате облеката и изгледот на вашата сестра, но ако некој друг го направи тоа, сигурно ќе ја одбраните. Ова е како непишано правило – сестрите можат да бидат брутално искрени за сè. Ова е важен дел од вашата врска бидејќи не е нешто што можете да го имате со секого. Па ако не ви се допаѓа нејзиниот џемпер, таа мора да го смени.
6. Отворено објаснување за тоа зошто не ви се допаѓа некој
Без разлика што ви кажале во градинка, вие не сте и не мора да бидете пријатели со сите. Нормално е да познавате луѓе кои навистина не ги сакате, а кога сте со вашата сестра можете да употребувате навистина креативни придавки за нив. Таа не мора да се согласи со вас, доволно е само да ве ислуша.
7. Поставување прашања за вашите гради
Градите, како и луѓето, доаѓаат во сите форми и големини. Бидејќи вие имате искуство само со вашите, нормално е да ве интересира како им е на другите девојки со нивните гради. А неизбежно е да ги споделувате овие искуства со вашата сестра. Таа е совршената личност за овие разговори бидејќи нема потреба да криете ништо една од друга.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата сестра е и вашата сродна душа.