7 промени кои треба да ги направите во исхраната ако сакате да станете вегетаријанец
Можеби популарноста на вегетаријанството е само тренд кој ќе помине, но сепак има големи здравствени придобивки кога ќе се откажете од месото. Ако сте се одлучиле на овој чекор, важно е да знаете дека е многу полесно отколку што мислите.
Основачите на Sakara Life изјавиле:
„Исхраната базирана на растенија е најдобра за целокупното здравје. Зеленчукот има многу повеќе хранливи материи од другите прехранбени производи. Покрај ова тој му помага на телото да се справи со некои заболувања, го намалува масното ткиво, ја балансира вашата pH вредност, го смирува желудникот, го намалува ризикот од рак на дебелото црево и ви ја зголемува енергијата.“
Најважното нешто во овој процес е посветеноста. Доколку ви е тешко на почетокот, немојте да се грижите бидејќи овие мали чекори ќе ви помогнат да направите голема разлика.
1. Заменете ја омилената храна со растителна верзија
Ова е можеби најтешкиот чекор, па наместо да мислите на она од кое се откажувате, размислувајте за придобивките од вашата одлука. Доколку навистина сте сакале хамбургери, можете да си правите плескавици од разни јаткасти плодови. Направете си листа со храна од која не сте подготвени да се откажете, и на Интернет побарајте некои од многуте вегетаријански рецепти за тој оброк.
2. Дајте му шанса на тофуто
Не треба да го заменувате месото со соја секој оброк. Доволно е само еднаш или два пати неделно и ќе ги добиете потребните протеини, влакна, витамини и минерали. Иако тофуто има специфичен и чуден вкус, кога ќе научите да го приготвувате ќе ви се допадне. Важно е да експериментирате. Земете ги вашите омилени зачини, прочитајте неколку рецепти и ќе добиете совршен тофу оброк.
3. Додајте овошје и зеленчук во исхраната
Постои мислење дека вегетаријанците јадат само овошје и зеленчук, но и овој начин на исхрана може да биде забавен. Важно е да запомните дека ова не е диета, туку животен стил, па за да можете да го одржите треба да „тренирате“ за тоа. Пронајдете овошки и зеленчуци кои ви се допаѓаат и вклучете ги во сите оброци, не само во салатите. На пример, наместо шунка, на пицата додајте пиперки, кромид, печурки и брокули.
4. Заменете го кравјото млеко
Многу вегетаријанци се откажуваат и од млечните производи. Денес има голем број замени за кравјото млеко како на пример, бадемово, оризово или соино млеко.
5. Јадете риба за полесно да ја поминете транзицијата
Постои посебна гранка од вегетаријанството наречена пескетаријанство што вклучува откажување од секое месо, освен од рибата. Добрата страна на ова е тоа што рибата е лесна за приготвување, содржи помалку масти од животинското месо, го стимулира вашиот мозок и е одличен извор на протеини.
6. Експериментирајте со додатоците за исхрана
Лесен начин за почетниците е да ги заменат хранливите материи од животинско потекло со додатоци во исхраната. Постојат многу прашоци и пилули погодни за вегетаријанци кои ќе ви помогнат да ја надоместите загубата на некои материи додека сте во почетната фаза од вегетаријанството.
7. Пробајте ги вегетаријанските оброци во рестораните
Јадењето во ресторан е проблем со кој се соочуваат многу вегетаријанци, бидејќи речиси целото мени е составено од оброци со месо. Но, сепак е 21-ви век па имате неколку опции. Дури и кај нас почнаа да се отвораат вегански и вегетаријански ресторани, а и секогаш можете да го замолите келнерот да ви направат нешто без месо.
Погледнете и некои од проблемите со кои се соочуваат вегетаријанците.