7 производи кои треба да престанете да ги користите за време на летото

7 производи кои треба да престанете да ги користите за време на летото

Сигурни сме дека во текот на летото не носите дебели чорапи или волнени капи, туку со промена на годишното време ја менувате и вашата гардероба. Штом тоа го правите со сезонската облека, истото треба да го направите и со вашата козметичка торба, односно тешките зимски производи да ги замените со полесни. Еве кои измени треба да ги направите кога станува збор за летната козметика.

1-ostavete-gi-za-narednata-sezona-7-proizvodi-koi-mora-da-prestanete-da-gi-koristite-vo-tekot-na-letoto-www.kafepauza.mk_

1. За почеток, заменете ги мат кармините со крем верзии или сјај за усни

Мат кармините често знаат да ги исушат усните, а под влијание на сонцето може да бидат уште полоши. Во текот на летото дајте им пауза на вашите усни од нив и посегнете по крем кармини или сјај кои ќе им ја дадат посакуваната боја, но нема да ги исушат.

2. Заменете ги крем геловите за чистење на лицето со гел верзии

Во лето, поради високите температури, скоро на сите ни се мрси кожата, па не ви е потребна додатна нега со крем гел за чистење кој инаку е одличен за зимските месеци. Изберете гелови за лице кои содржат салицилна и гликолна киселина за лесен пилинг на лицето и спречување на појава на затнати пори.

3. Заменете ја хидратантната крема со серум со лесна текстура

Влажниот летен воздух сам по себе ќе ја хидратизира вашата кожа, па не ѝ е потребно толку хидратација како во зима. Овие хидратантни креми можат да ги затнат вашите пори и да предизвикаат создавање на акни, па затоа во лето префрлете се на лесните серуми или креми на база на гел кои имаат хидратантни состојки како што се хијалуронска киселина, која на вашето лице ќе ѝ даде природен дневен сјај.

2-ostavete-gi-za-narednata-sezona-7-proizvodi-koi-mora-da-prestanete-da-gi-koristite-vo-tekot-na-letoto-www.kafepauza.mk_

4. Летото не е време за тешки пудри

Токму затоа и би било добро да ги замените со ББ или тонирачка крема, која и понатаму ќе му даде покриеност на вашиот тен, а нема да ги затне порите и да создаде впечаток на маска. При изборот обрнете внимание на тоа дали ББ или тонирачката крема имаат заштитен фактор. Од мејкап, во лето, би требало да го замените и каменото руменило со крем верзија. Каменото руменило може да ги затне вашите пори, додека под летните високи температури крем руменилото ќе функционира подобро и ќе трае подолго.

5. Заменете ги темните сенки за очи со посветли нијанси

За почеток, изразено црната сенка заменете ја со топло кафеава нијанса, а и ведрите летни комбинации секогаш можете да ги комбинирате со исти сенки. Завршниот чекор во шминкањето е секогаш пудра во прав или камена пудра, но и неа исто така прескокнете ја во лето, бидејќи на вашето лице ќе му даде затегнат изглед. Наместо со пудра, целиот изглед фиксирајте го со вода во спреј, бидејќи таа на вашето лице ќе овозможи хидратација и ќе му даде природен сјај.

3-ostavete-gi-za-narednata-sezona-7-proizvodi-koi-mora-da-prestanete-da-gi-koristite-vo-tekot-na-letoto-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар