7 проблеми со кои се соочуваат само најголемите љубители на кафе

7 проблеми со кои се соочуваат само најголемите љубители на кафе

Кафето е омилената напивка на многу луѓе. Оние кои го обожаваат, не можат ни да си го замислат почетокот на денот без шолја кафе. Меѓутоа, овој пијалак предизвикува одредени проблеми, особено ако се консумира во поголеми количини. Прочитајте кои се негативните последици од претераното пиење кафе…

7 проблеми со кои се соочуваат само најголемите љубители на кафе

1. Проблеми со дигестивниот систем

Дали трчате во тоалет веднаш штом ќе го испиете првото утринско кафе? Можеби треба да се запрашате дали за ова треба да го обвинувате млекото или кафето. Кофеинот на многумина им помага со одењето во тоалет, но може да предизвика и грчеви во цревата, како и подуеност. За да го одбегнете овој проблем, немојте да пиете кафе на празен стомак. Наместо тоа, испијте го кафе за време или по појадокот. Секако, дека можеби станува збор и за нетолеранција на лактоза. Обидете се да го елиминирате млекото од кафето за да дознаете каде лежи проблемот.

2. Лош сон

Внесувањето кофеин до 6 часа пред спиење може да ви го наруши сонот. Не пијте кафе во попладневните часови, бидејќи на тој начин ќе можете да спиете подобро.

3. Отпорност на кофеин

Дали кафето не го постигнува посакуваниот ефект? Можеби треба да испиете две шолји повеќе за да се разбудите. Стимулацискиот ефект кај луѓето кои секојдневно консумираат кафе се намалува со текот на времето.

4. Главоболки

Доколку луѓето кои редовно пијат кафе, пропуштат да го испијат нивниот омилен пијалак наутро, може да добијат главоболка. Ако се обидувате да ја победите зависноста од кафе, мора да знаете дека почетните последици од „одвикнувањето“ не траат вечно. Обично, тие исчезнуваат по само неколку дена.

5. Нервоза и анксиозност

Секое тело различно реагира на кофеинот, а реакцијата зависи и од вашето моментално расположение. Ако сте преоптоварени со обврски, кафето може да предизвика нервоза и треперење. Тоа се случува затоа што кофеинот е стимуланс кој природно го подигнува нивото на адреналин и стрес хормон во вашето тело.

6. Потемни заби

Со текот на времето вашите заби може да станат потемни поради пиењето кафе или на нив може да се појават мали дамки. Тоа е така затоа што кафето содржи танин кој ја уништува блескавата насмевка.

7. Лош здив

Кафето ја суши усната празнина и колку повеќе пиете, толку поголеми проблеми ќе имате со непријатниот здив од устата.

Во продолжение дознајте колку шолји кафе треба да пиеме дневно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар