7 природни начини за откажување од пушењето цигари

7 природни начини за откажување од пушењето цигари

Иако сите пушачи се свесни за штетата која доаѓа со пушењето цигари, откажувањето од нив е можеби најтешкото нешто што треба да го направат во нивниот живот. Дури и кога е споредувано со откажување од потешки дроги, како хероин или метамфетамин, откажувањето од цигарите може да биде уште покомплицирано само затоа што тие се достапни секаде. Добрите вести се што откажувањето од цигари е возможно, а овие совети можеби ќе ви помогнат во тоа.

1. Ментално подгответе се за претстојната битка

7 природни начини за откажување од пушењето цигари

Одлуката да се откажете од цигарите е првиот чекор, но и најлесниот. Станува многу потешко кога треба да си ја забраните вашата рутина. За да се подготвите можете да направите листа од нештата што ве мотивираат да престанете со пушење. Вклучете ги целите кои би ги постигнале само доколку се откажете од цигарите. Чувајте ја листата со вас и гледајте ја во моментите на слабост.

2. Одберете датум

7 природни начини за откажување од пушењето цигари

Одберете конкретен датум за откажување. Забележете го денот на вашиот календар и како што наближува набљудувајте ги вашите навики за пушење и обидете се да ги намалите. Каде најчесто палите цигара? Дали пушите после одредена храна или пијалак? Бидете свесни што ја предизвикува желбата. Можеби секогаш пушите цигара со утринското кафе. Во тој случај заменете го пијалакот со чај или што било. На овој начин полесно ќе го тргнете пушењето од дневната рутина.

3. Ослободете се од „алатките“

7 природни начини за откажување од пушењето цигари

Штом ќе дојде денот за откажување, сите пепелници и запалки ќе ви станат непотребни. Бидејќи ги оставивте цигарите засекогаш, слободно фрлете ги овие предмети. Ослободувањето од нештата што ве потсетуваат на цигари ќе ја зајакнат вашата одлука за откажување. Колку потешко ќе ви биде да најдете запалка, пепелник или цигара, толку помалку ќе сакате да запалите. На овој начин ќе ја добиете менталната битка.

4. Следете ја заштедата

7 природни начини за откажување од пушењето цигари

Тргајте ги настрана сите пари кои инаку би ги потрошиле за цигари. Ќе забележите дека купчето брзо ќе се зголеми. Секогаш кога ќе сакате да запалите цигара, погледнете ја заштедата и помислете на одморот од соништата, или што било што сакате да си го купите. Ќе ви биде полесно ако пред вас ја гледате наградата.

5. Зачинете го животот

7 природни начини за откажување од пушењето цигари

Навистина потценето помагало во откажувањето од цигари е чили пиперот. Со тоа што ја забрзува циркулацијата и ги „размрдува“ желудочните сокови, ја започнува детоксикацијата од никотин. Исто така ќе ве заштити од вишокот килограми кои доаѓаат со откажувањето цигари со тоа што ќе го забрза вашиот метаболизам.

6. Внесете ѓумбир во вашата исхрана

7 природни начини за откажување од пушењето цигари

Како чили пиперот, така и ѓумбирот е магичен лек. Всушност, медицинските својства на ова растение се познати најмалку 5.000 години. Иако ѓумбирот се применува за многу нешта, неговото најпознато својство е тоа што ја подобрува дигестијата. Ова ќе ви помогне да ја намалите желбата за никотин и симптомите кои доаѓаат со неа како гадење, главоболка, замор и променливо расположение.

7. Употребувајте екстракт од овес

7 природни начини за откажување од пушењето цигари

Луѓето често ги употребуваат цигарите за намалување на стресот. Но пушењето влијае на нервниот систем и може да предизвика уште повеќе анксиозност и стрес. Бидејќи вашиот ум е трениран да мисли дека цигарите ги намалуваат овие симптоми, откако ќе се откажете, нервниот систем може да излезе од контрола. За да го избегнете ова, употребувајте екстракт од овес. Оваа состојка го лекува нервниот систем на клеточно ниво и ги заменува изгубените хранливи материи и минерали. Тој ќе ги смири умот и телото, а со тоа ќе ја намали и желбата за пушење.

Доколку овие совети не ви помогнаа, обидете се да се откажете од пушењето со помош на медитација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар