7 пријателки кои ѝ се потребни на секоја жена

7 пријателки кои ѝ се потребни на секоја жена

Пријателите се луѓето кои ги бараме секогаш кога имаме проблеми и тие се први со кои ги споделуваме радосните или тажните вести. Постојат многу различни пријатели кои сме ги запознале на разни начини: пријатели од основно, од средно, од факултет, од работа, од забави и сл. Ова се 7-те вида пријателки кои ѝ се потребни на секоја жена.

1-7-prijatelki-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mk

1. Ѕверката

Ова е девојката која „растура“ на сите полиња, но најмногу на професионално. Најчесто поседува своја фирма и е успешна бизнис жена. Ваквата личност е потребна бидејќи не само што ќе ве насочи и мотивира да го работите она што го сакате, туку и ќе ве направи успешни, а притоа ќе го работите она што го сакате.

2. Без влакна на јазикот

Ваквата пријателка е потребна во оние мигови кога сте сами на каучот, плачете и ви треба утеха. Таа ќе ви ги отвори очите така што безмилосно ќе ви ја каже вистината и ќе ве натера да се соочите со фактот дека не секогаш светот се врти околу вас и дека постојат моменти кога дури и вашето момче/шеф/цимер е во право. Не се некултурни, нити пак ви мислат лошо, но од овој вид луѓе никогаш не очекувајте дека ќе ви се умилкуваат и ќе ви го претстават светот во розова боја.

3. Утешувачката

Спротивна од девојката без влакна на јазикот е другарката која ќе ве слуша како плачете по 100-ти пат поради истото момче. Таа ќе дојде дома ви со пакетче чоколадо и марамчиња и ќе ве слуша и утешува ако е потребно и цела ноќ. Таа ќе ви каже сѐ што сакате да слушнете и ќе ве ислуша па макар да и се јавите во 3 часот на утро.

2-7-prijatelki-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mk

4. Лошо влијание

Секоја жена, па сигурно и вие, имате барем една пријателка која ќе ве натера да излезете од зоната на комфорот, да ризикувате и да направите нешто лудо. Таа е таа што ќе ви рече „Јави му се“ или „Гајле ти е“. Навистина, не секогаш е во право и веројатно вашите родители ја мразат, но таа ве потсетува дека еднаш се живее и дека животот е краток. Плус, што е најлошото што може да се случи?

5. Во спротивна фаза од животот

Ако вие сте во брак, таа е сингл. Ако имате деца, таа нема. Ако го продавате станот и заминувате на патување, таа само што си купила куќа. Оваа пријателка е важна бидејќи ви покажува како изгледаат другите фази од животот. Од нив можете многу да научите и иако вашите распореди се поклопуваат, за ваквите луѓе секогаш треба да најдете време за да се видите.

6. Популарната

Е оваа другарка ќе ве натера да се дотерате и да излезете и не само тоа, таа има резервирано сепаре во најпопуларните клубови. Има моќни врски, се знае со огромен број луѓе и може да ви отвори многу врати. Ако сакате да најдете нешто или некој, тогаш оваа девојка ќе направи сѐ за тоа да го добиете. Но, ваквото пријателство не ви помага само вам туку и неа. За сите тие забави на кои таа мора да оди од неа се очекува да земе друштво или пак кога ќе дојде дома уморна и ѝ е потребен некој да ја смири и релаксира.

7. Стара пријателка

Сите имаме по некој во животот кој бил тука уште од најмали нозе. Таа може да биде од основно, од средно, па ако сте во 30-тите дури и пријателките од факултет спаѓаат во оваа група. Ова се луѓето кои најмногу знаат за вас. Сите глупости кои сте ги направиле (или поголем број од нив) и сите важни мигови се дел од нејзината меморија. Тие биле со вас кога ви било најтешко и најверојатно тука и ќе останат уште долго време.

3-7-prijatelki-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар