7 причини зошто вашата сопруга не е среќна

7 причини зошто вашата сопруга не е среќна

Фразата „Делата кажуваат повеќе од зборовите“ е многу вистинита кога станува збор за бракот. Комуникацијата (и со дела и со зборови) е многу важна за среќата на сопружниците, како и за самиот брак. Некои парови веруваат дека нивниот брак е среќен само затоа што се заедно долго време, но времето не ја одредува среќата. Таа зависи од делата, љубовта и посветеноста.

7-prichini-zoshto-vashata-sopruga-ne-e-srekjna-kafepauza.mk

Можеби вашите дела се причина за несреќата на вашата сопруга. Ако барем една од овие причини ви звучи познато, можеби е време да го смените вашето однесување и да ѝ покажете малку љубов.

1. Не ѝ обрнувате внимание

Кога ќе се вратите дома после долг ден на работа, првото нешто кое сакате да го направите е да се одморите, да погледате телевизија и да спиете. Ова однесување е сосем нормално, но времето поминато со вашата сопруга треба да ви биде приоритет. Жените стануваат несреќни кога нивниот сопруг не им обрнува внимание, а вашиот брак страда поради ова. Наместо да гледате во вашиот телефон, компјутер или во телевизорот, разговарајте со вашата сопруга. Разговарајте со неа кога таа ќе го побара тоа од вас. Клучот за среќна врска е комуникацијата.

2. Не ви е гајле за нејзиното мислење

Некои мажи се навикнати да ги донесуваат одлуките во семејството. Можеби ќе слушнете што има вашата сопруга да каже, но најчесто го заборавате тоа кога треба да одлучите што е најдобро. Не е ни чудно што вашата сопруга е несреќна – никој не сака да се чувствува неважно и игнорирано. Ова не е добро за вашиот брак, сепак две глави размислуваат подобро од една. Споделувајте ги вашите идеи, решенија и мислења со сопругата и дозволете ѝ таа ги сподели нејзините. Дозволете ѝ да учествува во донесувањето на одлуките.

3. Постојано сте исти

Понекогаш можете да „заглавите“ во некоја рутина, а тогаш станува тешко да пробате нешто ново. Секогаш сте уморни и постојано имате многу работа. Тогаш вашата сопруга е несреќна бидејќи животот ѝ станал монотон и предвидлив. Иако е тешко, поминувајте време со неа. Поставете нови предизвици и цели и променете ја дневната рутина. Пробајте нешто ново и уживајте во нејзината насмевка.

4. Не ја вклучувате

Како маж кој работи цел ден, вие си правите планови со вашите пријатели за после работа. Додека е важно да поминете време со вашите пријатели, не заборавајте дека вашата сопруга се чувствува отфрлено поради ова. Направете рамнотежа помеѓу вашите социјални настани и вклучете ја сопругата во нив кога е можно.

5. Недостаток на романса

Многу е важно паровите да ја искажуваат нивната љубов и на друг начин покрај интимноста. Физичкиот контакт е нешто кое паровите треба секојдневно да го споделуваат. Држете ја нејзината рака, играјте си со нејзината коса, дајте ѝ цвеќиња или оставајте ѝ мали пораки на кои ѝ кажувате колку ја сакате. Ако ви е тешко да кажете „Те сакам“, покажувајте го тоа на други начини. Вашата сопруга ќе се чувствува сакана и ценета.

6. Имате многу долгови

Финансиските проблеми можат навистина да ја вознемират вашата сопруга. Организирајте ги вашите плаќања и вашата финансиска состојба за да си го спасите бракот. За жал, целото семејство може да страда поради вашите долгови. Никоја жена нема да биде среќна кога ќе сфати дека нејзиниот сопруг не знае како да се справува со парите или пак не знае како да ги исплати долговите.

7. Не помагате дома

Тешко е да се грижите за децата, да го чистите домот и да држите чекор со сè. Овој постојан стрес може да ја направи вашата сопруга несреќна. Таа навистина ќе го цени вашиот труд ако почнете да ѝ помагате.

Погледнете ги и овие правила за успешен и среќен брак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Alen Reply

    PA vidi SE ova e vo red ako zenata SE smeta kako predmet za razubavuvanje Na mazot ili enterierot ili e domasno milenice. PA zar NE trebase da SME ednakvi neli treba i zenata da e svesna dali mazot e izmoren ,crknat OD rabota,kako stojat Zaedno finansiski.ti opisa sponzorusa a NE bracen drugar. Izvini, mojata zena za Mene e centar Na svetot, sakam da zivee kako kralica, ama realnosta e malku poinakva I taa e fala mu Na boga svesna za toa I mi e celosna podrska vo SE sto pravime zaednicki vo zivotot. Vo site nasi padovi I usponi.

Остави коментар