7 причини зошто тој се чувствува несигурно за вашата врска
Момците можат да станат несигурни во врската поради голем број нешта. Нивните несигурности не се ваша вина, но доколку и двајцата разговарате искрено на оваа тема, би можеле да најдете начин да ги надминете заедно. Погледнете ги следниве 7 причини поради кои тој можеби се чувствува несигурно покрај вас…
1. Тој смета дека немате доволно време за него. Не постои ништо лошо во тоа некој да сака простор за себе, ниту пак да има работа која вклучува често патување. Но, доколку тој сака да поминувате повеќе време заедно, а вие не знаете дали би можеле да ги исполните неговите барања, едноставно запрашајте се дали навистина немате време или пак, само смислувате изговори.
2. Тој ве чул како зборувате со друго момче и вие сте се однесувале чудно за тоа. Не постои ништо лошо да имате машки пријатели или да сте во контакт со вашите колеги. Но, тоа не значи дека треба да ги криете овие разговори и претерано да реагирате кога тој ќе ве праша нешто повеќе за нив.
3. Тој никогаш не го посетил вашиот дом. Ниту пак ги знае вашите пријатели. Доколку сметате дека сè уште не сте подготвени да бидете поблиски со вашиот партнер и не разговарате искрено за тоа, тогаш големи се шансите дека тој ќе се почувствува како да криете нешто од него.
4. Тој смета дека го гледате повеќе како пријател отколку како љубовник. Тој сигурно не бара од вас постојано да го вклучувате во вашиот живот или пак, да се држите за раце додека шетате по улица, но доколку се однесувате како да не ви е пријатно да го бакнете или допрете, големи се шансите дека тоа ќе му влијае врз самодовербата.
5. Тој ве доживува како многу поуспешни од него. Секој може да се почувствува лошо доколку е во врска со личност многу поуспешна од него. Тоа не значи и дека треба да го криете вашиот успех од него, но сепак бидете повнимателни кога зборувате за својата работа.
6. Тој знае колку сте познати на социјалните мрежи. И покрај тоа што шансите да го напуштите за некој кој ви оставил коментар со многу срценца се скоро невозможни, сепак неговите несигурности не мора да бидат рационални за да постојат.
7. Тој бил изневеруван и претходно. Доколку имал лошо искуство со претходните девојки, големи се шансите дека ќе ги понесе овие несигурности со себе и во новата врска. Едноставно бидете трпеливи и покажете му дека може да ви верува и нештата брзо ќе тргнат во добра насока.