7 причини зошто најубавите жени завршуваат во најлошите врски
Дали сте забележале дека некои од најубавите и најсилните жени завршуваат во најлоши врски? Изгледа како да прават сè правилно, освен одбирањето на нивниот партнер. Иако тие не се свесни за нив, постојат неколку причини за ова. Погледнете кои.
1. Несвесно одбираат потешки партнери
Кога станува збор за одбирањето партнер, овие жени настојуваат да ги одберат оние личности кои се покомплицирани, без притоа да се свесни за тоа. Привлекуваат токсични луѓе без разлика дали го сакаат тоа. Изгледа како нивниот прв избор секогаш да е лош.
2. Обично мислат дека можат да го „спасат“ или „поправат“ партнерот
Овие жени претпоставуваат дека бидејќи имаат некаква поврзаност, би требало да ѝ дадат шанса на личноста. Се надеваат дека ќе можат да ја поправат, а ова воопшто не е здраво. Никогаш не треба да започнете врска со личност што сакате да ја менувате. Врските не функционираат ако постојано се обидувате да ги поправите сите недостатоци на партнерот.
3. Емоционално се повлечени
Овие жени не ги искажуваат нивните емоции како што би требало. Настојуваат да ги чуваат работите во себе, а ова може лесно да ја влоши врската. Наместо да се соочуваат со проблемите, ги оставаат така. Па, ако го правите ова веднаш престанете. Само се повредувате самите.
4. Имаат превисоки очекувања
Изгледа дека овие жени имаат повисоки очекувања за врските отколку што би требало. Иако можеби нема да бараат многу од партнерот, ќе очекуваат тој да биде совршен на некој начин. Не можете да создавате нереални слики за луѓето, со тоа само ќе ја влошите ситуацијата.
5. Даваат многу, а сакаат малку за возврат
Овие жени не бараат ништо од нивните партнери. Иако ова не е секогаш лошо, станува лошо кога ќе ѝ дадат сè на другата личност. Ако вложувате многу, а не го гледате истото за возврат, зошто да останете во таа врска?
6. Не секогаш кажуваат што мислат
Иако воглавно овие жени изгледаат како да кажуваат што мислат, во љубовта нештата се поразлични. Понекогаш ќе кажат што мислат, но ова се случува ретко. Овие жени се послаби во љубовта, а тоа често им претставува проблем.
7. Настојуваат да се држат до некоја траума
Овие жени често со себе носат голем товар. Иако на почетокот не изгледа како многу, сепак последиците се појавуваат кога најмалку очекуваат. Ова може да ја направи врската навистина тешка и да го намали нејзиниот квалитет.
Дали знаете кои се најголемите проблеми во модерните љубовни врски?