7 причини зошто љубовта не е доволнa за стабилна врска

7 причини зошто љубовта не е доволнa за стабилна врска

Додека мнозинството луѓе сметаат дека љубовта е најважното нешто во врската, ова е далеку од вистината. На секоја личност ѝ се потребни многу повеќе работи за да биде среќна со партнерот. Љубовта е потребна во врската, но само таа не е доволна за среќа и стабилност. Погледнете зошто.

7 причини зошто љубовта не е доволна за стабилна врска

1. Љубовта не секогаш оди заедно со компатибилноста

Понекогаш дури и најразличните луѓе можат да развијат чувства едни кон други. Додека љубовта може да биде силна емоција за да останете заедно, подоцна поважни ќе бидат истите мислења и ставови. За да имаат задоволувачки живот, партнерите би требало да имаат неколку заеднички нешта. Овде може да спаѓа сè – од заедничко гледање филмови, до патување и читање. Овие нешта го тераат партнерот да ги цени емоциите и ставовите на другата личност.

2. Љубовта не може да ги реши компликациите во врската

Кога врската минува низ кризен период, парот мора заедно да работи на тоа. Но што ако партнерите се сакаат, но немаат време да ги решат проблемите помеѓу нив? Како би преживеале во оваа состојба? Без преземање нешто, љубовта нема да го реши проблемот, но можеби ќе ги поедностави компликациите.

3. Жртвувањето не можете да го нарекувате љубов

Кога се вљубени, луѓето често забораваат дека треба да се ценат самите за да ја одржат страста во врската. Во процесот на грижа и задоволување на партнерот, тие често забораваат за нивните потреби и желби, што е многу погрешно. Доколку не сте задоволни од себе, како можете да усреќите некој друг? Личноста која ги жртва своите интереси, кариера или самопочит во име на љубовта, не може да има долга и стабилна врска.

4. Љубовта не бара ништо за возврат, но што е со вас?

Вистинската љубов не бара ништо за возврат, но сигурно сакате партнер кој ќе ве цени и кој ќе ве љуби колку и вие него. Во секоја врска, луѓето сакаат реципроцитет и возвраќање на чувствата и услугите. Ова прави да се чувствуваат ценето, што пак ги поставува основите на врската.

5. Комуникацијата е клучна

Стабилната врска е заснована на четири столбови – внимание, доверба, искреност и комуникација. Комуникацијата им помага на паровите да се разберат едни со други. Потребно е да му ги откриете мислите на партнерот и слободно да се изразувате. Дискутирајте за тоа како созрева вашата врска. Сепак, дури откако ќе ги искажете вашите чувства, партнерот ќе знае што мислите.

6. Довербата ја зајакнува врската

Довербата е можеби најважниот фактор во секоја врска. Партнерите би требало да си веруваат и да ја почитуваат нивната индивидуалност. Но, не заборавајте дека постои разлика помеѓу мудрата и слепата доверба.

7. Животните вредности имаат голема улога

Можеби имате чувства кон некој што ги нема истите животни вредности и принципи како вие. Системот на вредности ги дефинира верувањата, реакциите и однесувањето на личноста. Некој кој има разни вредности од вашите можеби на почетокот ќе биде добар партнер, но со текот на времето ќе станува потешко да се направи компромис. Како резултат, луѓето често почнуваат да се чувствуваат згушено.

Значи, љубовта не е доволна за да ја одржи врската. Постојат други нешта на коишто треба да обрнете внимание. Иако е полесно да се каже отколку да се направи, дајте ѝ време на вашата врска и потрудете се сè додека и двајцата не сфатите дека љубовта е потребна во врската, но важни се и многу други нешта.

Погледнете ги и ситуациите во кои љубовта едноставно не е доволна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар