7 причини зошто летото е најдобро време за романса
Летните месеци успеваат на еден магичен начин да го излечат најдоброто од нас и токму затоа романсите во текот на летото се незаборавни и се паметат засекогаш. Зимата најчесто ги затвора луѓето. Тогаш се повлекуваме и го губиме чувството за комуникација и отвореност. Најчесто како оправдување се користи студот и снегот, па луѓето се затвораат во своите домови, повеќе време минуваат пред компјутерите и мобилните телефони, поретко ги гледаат своите соседи, пријатели и семејства, а вечерните излегувања се сведени на минимум. Но, ситуацијата се менува кога ќе дојде лето. Денот станува подолг, облеката станува покуса и полесна и одеднаш сè добива „розова“ нијанса.
Кога сонцето ќе изгрее, нештата се многу посветли, а такво е и нашето расположение. Тоа нè тера да излеземе надвор, да ги покажеме нашите тела, да доживееме незаборавна авантура. В лето се случуваат многу настани под ведро небо, а со тоа ни се отвораат многу можности за проширување на нашиот круг на пријатели, меѓу кои, не е исклучено да ја најдеме и нашата сродна душа. Еве неколку причини зошто летото е најдобар период за романса и забавување.
1. Вие сте приоритет
Летото е полно со забава, па доколку тој/таа избере да го помине своето слободно време со вас, тогаш значи дека сте му/ѝ приоритетна личност. За разлика од зимскиот период, кога речиси ништо не се случува и можеби ќе си помислите дека некој е со вас само да му мине побрзо времето.
2. Се чувствувате посекси во лето
Повеќето луѓе за време на летото се чувствуваат многу посекси и посамоуверено. Но, тоа не е само поради тоа што носиме помалку облека на себе, туку затоа што сончевите зраци ја милуваат нашата кожа додека пиеме кафе, во кафуле или на плажа и влијае на тоа да се чувствуваме убаво во своето тело и да ги истакнеме сите негови атрибути. Летниот сјај му прилега на секој човек, а сонцето ни ја обновува енергијата, која нè тера да ги оставиме настрана телефоните и да го почувствуваме вистинскиот свет околу нас.
3. Навираат идеи за прекрасни љубовни состаноци
Летото е едноставно создадено за романси, бидејќи има бескрајно многу можности за прекрасни состаноци и заеднички авантури. Во земскиот период, поради недостиг на сончеви зраци, често се чувствуваме изморено и без енергија, па поради тоа времето го поминуваме пред телевизор или гледајќи серии. Но, летно време, нашиот живот добива друга димензија. Едноставно сме подготвени за нови средби, за прекрасни авантури и моменти за паметење. Во текот на летото креативноста испливува на површина и тогаш луѓето стануваат вистински уметници кои создаваат неверојатни мигови. Еве, сетете се од кои период ви се најубавите љубовни спомени?
4. Се чувствувате помалку врзани
Летото е период кога потребата за слобода доаѓа до израз. Полициските „лисици“ во текот на летниот период во голема мера ја губат својата улога, а вие сигурно, чувствувајќи ја потребата и за лична слобода, сигурно нема да си дозволите кон својот партнер да се однесувате посесивно. Во текот на летото, има многу забави, на кои можеби ќе треба да одите и сами, затоа што вашиот партнер нема секогаш и секаде да биде поканет. Поради тоа, луѓето кои се во врска, летно време чувствуваат повеќе слобода, за разлика од зимскиот период. Тогаш нештата се тмурни, а нам едноставно ни треба некој на кој ќе се потпреме. Сепак, слободата е многу важна работа и без оглед за кој временски период станува збор, треба да даваме сè од себе и да бидеме колку што е можно пофлексибилни кон својот партнер.
5. Лете сте поспонтани и желни за авантура
Спонтаноста, авантурата и потребата да се истражуваат нови нешта, природно извираат од нас во текот на летото. Можете да создадете неверојатно интересни моменти и да го најдете партнерот од соништата. Една сосема случајна и навидум наивна средба може да заврши со „си живееја среќно до крајот на животот“. Момците и девојките се особено привлечни кога нештата ги прават спонтано. Луѓето тогаш излегуваат од своите оклопи и се подготвени да искусат нови работи.
6. Состаноците се поевтини лете
Не значи дека доколку излегувате во скап ресторан ќе си поминете убаво и оти токму таа вечер ќе ја паметите сиот свој живот. Летно време местата за состаноци се бескрајни, а тие знаат да бидат толку романтични. Пикник на плажа додека го гледате зајдисонцето, прошетки до доцна во ноќта чекајќи го изгрејсонцето, вкусот на неколку топчиња сладолед и многу насмевки, летни мириси, тоа се навидум ситни работи, кои засекогаш ќе ги паметите.
7. Кога сте излезени на отворено сте посреќни
Состаноците во текот на летниот период се најчесто многу опуштени, затоа што луѓето се релаксирани од топлото време и тоа му дава еден посебен квалитет на забавувањето. Во лето сакаме да бидеме активни, да играме одбојка на плажа, планинариме, постојано сме на прошетки. Сето тоа придонесува да се лачи хормонот на среќата кој во голема мера го подобрува нашето расположение и не ослободува од стресот.