7 причини зошто краставиците треба да ѝ бидат најдобри пријатели на вашата кожа

7 причини зошто краставиците треба да ѝ бидат најдобри пријатели на вашата кожа

Краставиците често се издвојуваат поради своите општи придобивки за здравјето. Овој зеленчук содржи 90% вода со есенцијални хранливи материи како витаминот Ц кои помагаат да се негува, хидрира и обнови нашата кожа, резултирајќи со намалување на иритациите и отоците. Па, доколку сакате вашата кожа да изгледа многу поздраво, погледнете зошто треба да ги одберете токму краставиците за нејзина нега.

7 причини зошто краставиците треба да ѝ бидат најдобри пријатели на вашата кожа

1. Помош при изгореници. Краставиците можат да ве спасат доколку сте се изложиле премногу долго време на сонце и сте се здобиле со тешки изгореници. Таа има ефект на ладење кој е природен начин да ја смирите вашата кожа и да го забрзате процесот на заздравување. Едноставно поставете исечкана краставица на заболените области и тргнете ја кога ќе почнете да чувствувате дека парчињата се стоплуваат.

2. Отстранување целулит. Целулитот се создава од маснотии кои најчесто се собираат на бутините, задникот, рацете и стомакот. Вие можете да се збогувате со целулитот доколку едноставно измешате сок од краставица со една лажица мед и потоа го нанесете на соодветната област. На овој начин ќе го затегнете колагенот во крвта. Овој метод помага и при намалување на брчките.

3. Подобрување на бојата на кожата. Кога ќе ја измешате краставицата со свеж сок од лимета, добивате маска за лице која ќе направи вашата кожа да сјае. Таа исто така ги намалува лузните и другите видови промени на пигментацијата.

4. Намалување на темните кругови под очите. Краставицата помага и при осветлување на темните кругови под вашите очи. Антиоксидансите кои се наоѓаат во краставицата ја осветлуваат кожата, па токму затоа сè што треба да направите е да исечете две кружни парчиња краставица и да ги поставите на вашите очи од 10 до 20 минути. Овој трик навистина работи.

5. Затегнување на порите. Краставиците се идеални за лицето. Тие можат да бидат измешани со сиров мед или неколку капки лимонов сок со цел да ги затегнете порите на вашата кожа. Нанесете ја оваа мешавина врз вашата кожа и оставете ја 15-тина минути да делува, а потоа исплакнете со топла вода.

6. Осветлување на пегите. Изрендајте краставица и поставате ја на вашето лице и врат со цел да ја намалите појавата на пегите.

7. Намалете ја отеченоста на очите. Краставиците содржат огромни количини аскорбински киселини, кои го намалуваат задржувањето на водата, а со тоа го намалуваат и отокот. Доволни ви се само две кружни парчиња кои ќе ги поставите на вашите очи и веднаш ќе добиете многу посвеж изглед. Ова помага и при уморните очи, особено ако сте гледале премногу долго време во екран.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар