7 причини зошто есента е најдобро време за промени

7 причини зошто есента е најдобро време за промени

Многумина мислат дека есента е сезона на депресија, токму поради облачните и врнежливи денови што следат по крајот на летото. Некои веруваат дека пролетта или пак почетокот на новата година се вистински периоди за промена, но не се свесни за моќта на есента. Пробајте оваа есен, наместо да му се муртите на тмурното време, да се загреете за вистински промени во својот живот.

7 причини зошто есента е најдобро време за промени

1. Имате можност целосно да се фокусирате на вашите цели

Врнежливото време е вистинска шанса да им се посветите на своите цели и интереси. Наместо денот да го минете пред телевизор, посветете се целосно на вашите цели. На оние кои се борат со есенската депресија, добро ќе им дојде да се фокусираат на една работа и да го дадат најдоброто од себе што ќе им ги тргне мислите од сè друго. Есента е вистинско време да бидете попродуктивни дома, да се унапредите на работното место, да го направите она што веќе долго го одлагате. Смислете добар план и тргнете кон вашите соништа.

2. Природата навистина ќе ве инспирира

Топлите бои на природата, жолтите и црвени лисја на дрвјата, есенските овошја и зеленчуци се вистинска и незаменлива инспирација. Кога и да се соочувате со тежок предизвик или сте ставени пред голема одлука, излезете до најблискиот парк и разбистрете ги мислите, заминете на долга прошетка и оладете ја главата. Есента е мирно и сталожено време, а ладното ветре и капките дожд го смируваат притисокот на кој сте изложени.

7 причини зошто есента е најдобро време за промени

3. Имате можност да научите како да бидете позитивни

Тогаш кога сите се жалат на лошото време, вие бидете благодарни за сите предности на есента. Научете да го извлечете најдоброто од оваа сезона и да не ја доживувате како разочарување. Поставете си предизвик да стекнете нова животна навика и вистински да го вдишувате животот со полни гради.

4. Полесно е да се храните здраво наесен

Подобрување на лошиот режим на исхрана е голем предизвик за повеќето од нас. Многу е полесно да почнете интензивно да се грижите за своето здравје кога на пазарот има толку свежи есенски плодови. Овошјето и зеленчукот во есен имаат достапни цени, а лесно ќе најдете многу вкусни рецепти кои вклучуваат свежо овошје и зеленчук.

7 причини зошто есента е најдобро време за промени

5. Есента е најдобрата сезона да почнете со вежбање

Доколку сакате да стекнете навика за поголема физичка активност, есента е најдоброто време за почеток. Го нема топлото летно сонце и кога не врне може да пешачите, а во врнежливите денови да се упатите кон теретаната или конечно да се качите на справата во соба која досега ви служела за чување облека.

6. Имате повеќе време за себе

Погледнете ја есента како голема топка со можности. Што сакате да правите, а веќе долго го одложувате? Може да започнете со фотографирање, одржување блог, да започнете да пишувате и што ли уште не. Нели е тоа прекрасно? Кога ќе се посветите целосно на вашето хоби ако не наесен?

7. Полесно ќе заштедите пари во есен

Не треба да планирате одмор ниту свечен дочек на новата година, така што можете да направите финансиски план кој ќе ви заштеди некој денар. Што е она што го сакате но не можете да си го дозволите бидејќи секој денар плус некако магично ви испарува? Зацртајте си го во главите и почнете со есенско штедење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар