7 причини зошто да пиете по една лажица маслиново масло наутро

7 причини зошто да пиете по една лажица маслиново масло наутро

Повеќето луѓе го користат маслиново масло како масло за готвење, но ако го пиете, ќе имате корист. Познато е по своите позитивни ефекти врз срцето, но може да направи и други чуда за вашето тело. Идејата за лажица масло на празен стомак можеби не звучи многу привлечно, но има толку многу неверојатни ефекти врз вашето тело што вреди да се обидете.

1. Ја трансформира вашата кожа

7 причини зошто да пиете по една лажица маслиново масло наутро

Маслиновото масло е неопходна состојка во многу козметички производи и може да ѝ користи на вашата кожа. Ги намалува црвенилото и отокот и може да ја спречи појавата на брчки. Маслиновото масло има моќни антибактериски својства и служи како природно средство за дезинфекција.

2. Може да ви помогне да изгубите тежина

7 причини зошто да пиете по една лажица маслиново масло наутро

Многу истражувања покажаа дека држењето медитеранска диета, која е богата со маслиново масло, има позитивен ефект врз телесната тежина. Повеќе од 180 луѓе учествуваа во тригодишно истражување кое докажа дека јадењето маслиново масло им помогнало да ослабат.

3. Добро е за вашиот мозок

7 причини зошто да пиете по една лажица маслиново масло наутро

Јадењето маслиново масло редовно помага да се отстранат насобраните плаки во вашите мозочни клетки. Овие плаки може да предизвикаат Алцхајмерова болест, најчестата ментална болест во светот. Луѓето кои редовно јадат маслиново масло имаат подобра меморија од оние кои држат диета со малку мрснотии.

4. Го одржува здравјето на коските

Елементите во трагови во маслиновото масло може да бидат корисни кај луѓето кои страдаат од ревматоиден артритис. Маслиновото масло има подобри ефекти кога се комбинира со рибино масло, кое е богат извор на омега-3 масни киселини. Соединенијата што се наоѓаат во екстра девственото маслиново масло ги намалуваат болките во зглобовите и утринската вкочанетост предизвикани од артритис.

5. Го намалува воспалението

7 причини зошто да пиете по една лажица маслиново масло наутро

Збогатувањето на вашата диета со маслиново масло и друга храна со омега-3 масни киселини ги намалува воспаленијата во организмот. Тоа, пак, може да помогне во спречување или во лекување на разни кожни заболувања предизвикани од воспаление.

6. Добро е за здравјето на цревата

Некои видови бактерии кои живеат во вашиот стомак може да предизвикаат чир на желудникот. Докажано е дека маслиновото масло се бори против штетните бактерии, од кои некои се отпорни на антибиотици. Само 30 мл екстра девствено маслиново масло на ден може да ги уништи штетни бактерии за само 14 дена.

7. Го контролира шеќерот во крвта

7 причини зошто да пиете по една лажица маслиново масло наутро

Екстра девственото маслиново масло може да биде тајната за намалување на гликозата во крвта. Го штити вашето тело од дијабетес тип 2 и може да го намали ризикот од заболување за повеќе од 40%.

Прочитајте која храна помага во намалување на анксиозноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар