7 причини зошто авокадото е неверојатно добро за вашето здравје

7 причини зошто авокадото е неверојатно добро за вашето здравје

Авокадото е едно од најчесто потценуваните овошја со широк спектар на здравствени придобивки. Всушност, едно ново истражување објавено во „Journal of the American Heart Association“ ни покажува дека секојдневното консумирање авокадо може многу да помогне при одржувањето на холестеролот на нормално ниво.

7 причини зошто авокадото е неверојатно добро за вашето здравје

Истражувачите откриле дека доволно е само едно авокадо на ден со цел да се одржува здрав режим на исхрана и да се намалат нивоата на „лошиот“ холестерол кај луѓето кои имаат прекумерна телесна тежина. Тоа исто така покажало огромни здравствени придобивки и во следниве полиња…

1. Авокадото може да им помогне на луѓето со прекумерна телесна тежина да се чувствуваат сити подолго

Авокадото може да биде одличен начин за справување со копнеењето за благо помеѓу ручекот и вечерата. Една студија од 2013 година која била објавена во „Nutrition Journal“ ни открива дека возрасните со прекумерна телесна тежина кои јаделе по половина авокадо за ручек имале и до 40% намалување на желбата повторно да јадат во наредните 3 часа. Кај некои, ова чувство се зголемувало и до 5 часа.

2. Авокадото може да го зацврсти вашиот имунитет

Тие се преполни со глутатоин, кој истражувањата ни покажуваат дека изобилува со моќни антиоксиданси. Тоа е одличен начин за детоксикација на вашето тело.

3. Авокадото може да помогне при намалување на крвниот притисок

Ова овошје содржи повеќе калиум дури и од бананата. Истражувањата ни покажуваат дека зголеменото внесување на калиум може да го намали крвниот притисок кај оние кои страдаат од хипертензија, а со тоа и да го намали ризикот од мозочен удар за 24%.

4. Авокадото е одлична храна за мозокот

Истражувањата покажале дека со висок крвен притисок се зголемува и ризикот за намалување на когнитивните способности. Авокадото може да ви помогне да го намалите вашиот крвен притисок, како и холестеролот, притоа овозможувајќи ви здрав проток на крв со кој се намалува ризикот од мозочен удар.

5. Авокадото му помага на вашето тело да ги апсорбира клучните хранливи материи

Според една студија од 2014 година, свежото авокадо може значително да го зголеми внесувањето на бета-каротините, како и да го подобри претворањето на провитаминот А (неактивната форма на витамин) во витамин А (активната форма). Витаминот А е антиоксидант кој помага при одржување на здравјето на вашата кожа, видот и имунитетот.

6. Авокадото има своја улога при борбата со орален рак

Екстракт од одредени видови авокадо (Hass) може да го убие или пак, да го спречи растот на предканцерогените клетки кои со тек на време можат да доведат од орален рак. Истражувачите веруваат дека состојките во авокадото ги уништуваат овие „лоши“ клетки без притоа да ги повредат здравите клетки.

7. Авокадото заштитува од артритис

Авокадото е богато со лутеин и зеаксантин – каротеноиди кои се поврзуваат со намален ризик од дефекти на ‘рскавицата, кои се рани индикатори на артритис.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар