7 причини заради кои најверојатно ви се создаваат нови мозолчиња
Убедени сте дека сте „завршиле“ со мозолчињата, а тие повторно и понатаму ве изненадуваат со своите посети. И се запрашувате зошто, заради што и до кога? Па, најверојатно проблемот се крие во вас и во она што го јадете, како и колку јадете, дали можеби пушите цигари или имате некои други лоши навики. Еве неколку клучни причини заради кои и понатаму ви се појавуваат мозолчиња.
1. Вашето утринско кафе
Не сакаме да ја убиеме вашата желба за живот, но вашето утринско кафе навистина може да биде причина за вашата проблематична кожа. Секако, само во случај доколку тоа содржи млеко. Истражувањата докажале дека млекото е поврзано со создавањето на мозолчиња, додека на пример сирењето и јогуртот не се. Обидете се да го избегнувате млекото и ќе забележите дали тоа е причината заради која постојано имате акни.
2. Вашето смуди после напорниот тренинг
Да, смудито е здраво, но кога станува збор за кожата не смее да содржи „whey protein“, поточно протеин од млечна сурутка, бидејќи е млеко. Избирајте други, здрави состојки кои ќе ѝ одговараат на вашата кожа.
3. Вашата работа
Во прашање е стресот. Да, звучи како црн хумор, но ако сте имале стресна недела, голема е веројатноста дека ќе ви излезе мозолче. Обидете се со јога, медитација или кој било друг начин да се опуштите и да се ослободите од стресот и негативната енергија. И кажете ѝ „здраво“ на убавата и сјајна кожа.
4. Вашиот начин на исхрана
Постојат истражувања кои докажале дека за здрава, убава и негувана кожа е важно да јадете што е можно повеќе риба. Избегнувајте го млекото, но во својата исхрана вклучете го ова вкусно, а посно месо.
5. Вашата страст кон слатките
О да, и шеќерот ви наштетува. Секако, само во случај доколку претерате и не знаете да сопрете. Неколку колачиња нема да ве убијат, но обидете се да се храните што е можно поздраво и „почисто“ за и вашата кожа да биде чиста и блескава.
6. Вашата тежина
Ако имате проблеми со тежината, најверојатно имате проблем и со зголемениот индекс на телесна маса кој е во тесна врска со хормоните, кои пак се поврзани со мозолчињата. Затоа, навистина обидете се да живеете поздраво и конечно да се ослободите од тие неколку килограми вишок за да придонесете не само за здравјето на вашето тело, туку и за она на вашата кожа.
7. Вашата страст кон цигарите
Престанете да пушите и вашата Т-зона ќе ви биде благодарна. Ова е научно докажано. Плус, сега навистина имате мотивација да се ослободите од таа грозна навика.
Погледнете и неколку скриени причини за појава на акни и како да се ослободите од нив.