7 причини за ноќно потење што не треба да ги игнорирате
5. Апнеа
Апнеа при спиење претставува плитко дишење или паузи во дишењето во текот на спиењето. Едно истражување покажало дека ноќното потење е 3 пати почесто кај луѓето кои страдаат од нетретирана апнеа за разлика од останатото население.
6. Некои видови рак
Ноќното потење може да биде и ран знак за рак, најчесто за лимфома или леукемија. Сепак, во овој случај ќе се појават и други симптоми како треска, замор, намален апетит и необјасниво слабеење.
7. Несакани ефекти од лекови
За жал ноќното потење е несакан ефект на многу лекови. Антидепресивите, терапиите со хормони и терапиите за дијабетес можат да предизвикаат ноќно потење. Па, ако земате некакви лекови прочитајте го упатството за несаканите ефекти.
Кога да посетите лекар?
Забележете ги загрижувачките симптоми како локализирана болка, слабеење, треска, дијареја или кашлица. Посетете лекар ако ноќното потење се случува често и ако го попречува спиењето.
Како да го спречите ноќното потење?
Покрај препораките на лекарот, постојат уште неколку работи што можете да ги направите.
Промени во спиењето
За поквалитетен сон, направете распоред за спиење, релаксирајте се и избегнувајте алкохол и кофеин пред спиење.
Промени во опкружувањето
Осигурете се дека спалната соба е доволно студена и удобна. Вклучете го вентилаторот, користете потенки прекривачи и отворете ги прозорците.
Промени во животниот стил
Некои видови храна можат да направат да ви биде топло навечер. Медитеранската, храната со масти и храната со многу шеќер може да предизвика потење.
Погледнете ги и овие моќни решенија за спречување на потењето.