7 причини поради кои интровертните луѓе се попривлечни од останатите
Тие сакаат да бидат сами подолго време и не се плашат од самотијата. Можат да ве освојат со нивната мистериозност која толку добро им стои. Можеби немаат многу пријатели, ама го ценат пријателството и се верни пријатели. Секој би посакал да има таква личност во неговиот живот. Станува збор за интровертни луѓе и не е тешко тие да се препознаат.
Еве ги причините поради кои овие луѓе се привлечни.
1. Целосно се предаваат во врските
Интровертите се длабоки луѓе. Без разлика дали се работи за интеракција со другите, во разбирање на значењето на работите или вештините за учење, тие сакаат да дојдат до суштината на тоа што го бараат. Често немаат енергија за длабока интеракција со голем број луѓе. Тие се посклони кон длабока интеракција со неколку луѓе за разлика од оние кои имаат плитка интеракција со многу луѓе. Доколку ваквиот тип човек се заинтересира за вас тој ќе ви ја отвори неговата душа.
2. Тие ќе ве слушаат
Тие повеќе сакаат да слушаат отколку да зборуваат. Поважно им е да разберат некого отколку некој да ги разбере нив. Сакаат да слушаат туѓи мислења и приказни. Секој сака да биде сослушан, но интровертите им даваат чувство на важност на другите луѓе кога ќе им ја поклонат драгоцената енергија и ќе се фокусираат на она што другите имаат да го кажат.
3. Чувствителни се
Истражувањата покажуваат дека интровертните луѓе се физички почувствителни од екстровертните. Во неодамнешно истражување на интровертите и екстровертите им било речено да го стават јазикот на сок од лимон. Се утврдило дека кај интровертите повеќе се лачела плунка во допир со лимоновиот сок. Оваа студија покажува дека мозокот на интровертните луѓе е почувствителен на дразби, а тоа значи дека тие поинаку ги доживуваат надворешните случувања.
4. Сакаат длабоки разговори
Тие разговараат за вредностите наместо за времето. Со задоволство ќе разговараат за минатите случувања во детството кои биле причина за обликување на нечиј живот наместо да зборуваат за тоа што имал некој за вечера претходниот ден. Кога зборуваат за работите за кои чувствуваат страст тешко е да ги запрете, а ваквиот вид разговор формира силна поврзаност помеѓу двајца луѓе. Кога ќе ја покажете вашата ранливост и ќе зборувате за длабоки теми, вие автоматски станувате попривлечни.
5. Сакаат да бидат сами за да станат подобри
Не е новитет дека интровертните луѓе поминуваат повеќе време во самотија отколку екстровертните. Во текот на овој период, тие не гледаат немо во ѕид. Тие читаат романи кои ја будат фантазијата. Тие читаат книги со совети, ги проучуваат ликовите од филмовите и телевизиските емисии односно слушаат музика која ги инспирира. Интровертните луѓе секогаш бараат повеќе знаење, вештини и начини да станат подобри.
6. Не се едноставни
Најпривлечната особина на интровертните е нивната мистериозност. Не споделуваат сè со секого и не сакаат тоа да го променат. Додека со некои луѓе се тивки, со други се гласни. Другите луѓе секогаш претпоставуваат нешто во врска со нив. Тие се помирени со фактот дека некои луѓе никогаш нема да ги разберат. Овој недостаток на целосно разбирање може да предизвика љубопитство што брзо прераснува во привлечност.
7. Не се трудат да ги разубават нештата
Не се познати по својата способност да ја разубават реалноста. Тие ќе ви пружат автентичност која може да биде освежувачка и привлечна.
„Осаменоста предизвикува болка поради тоа што си сам, а самотијата се изразува со славење на истото.“ – Пол Тилич
Дознајте и кои се најдобрите тренинзи за интровертите.